Коморите ќе соработуваат со СЕП во процесот на преговори со ЕУ

Коморите ќе соработуваат со СЕП во процесот на преговори со ЕУ
БизнисРегулатива | 13.01.2020

Платформата за јавно-приватен дијалог оствари работен состанок со Секретаријатот за европски прашања со цел вклучување на стопанските комори во процесор на преговори за членство во Европската Унија при што може да се даде огромен стручен и технички придонес во исполнување на потребните критериуми како и поддршка на институциите во евроинтеграциите кои се наменети за пазарната економија.  

 

Работниот состанок кој се одржа на 30 декември го отвори г-ѓа Калинка Габер  - Државна Секретарка, која даде краток вовед за работата на СЕП и процесот на преговори.

 

 

Потоа, г-дин Дрилон Исени -  Извршен Директор на СКСЗМ и истовремено Претседавач на платформата за јавно-приватен дијалог даде краток вовед за Проектот и Платформата, кој за претставниците од СЕП посочи дека во Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, приватниот сектор е застапен од четирите најактивни стопански комори, кои преку Проектот се посветени за подобра бизнис регулатива за работењето на компаниите и зголемена финансиска и правна усогласеност на МСПа-та со регулативата, како и подобрување на бизнис окружувањето. Позиционите документи кои се доставуваат до надлежните институции се усогласени како заеднички став на претставниците на бизнис заедницата. Исто така, г-дин Исени објасни дека помеѓу четирите стопански комори и Владата на РСМ е  потпишан Меморандум за формално воспоставување на јавно - приватен дијалог, каде чинителите во процесот се залагаат за обострано дејствување во обидот да се подобри бизнис климата во државата. Заради тоа се организираше и овој состанок, целта на кој беше да се најдат начини за  вклучување на четирите стопански комори во процесот на усогласување на нашето законодавство со тоа на Европската Унија во делот што се однесува на бизнис заедницата. Идејата на состанокот беше да се најдат заеднички точки за соработка, за бизнисите што помалку да се оштетат и да можеме да им помогнеме и исто така да се информираме кои се очекувањата од нас како комори.

 

После тоа, Калинка Габер даде објаснување за процесот на преговори и посочи дека всушност тоа е само усогласување и прилагодување во одреден рок на критериумите дадени од Европската Комисија. Исто така, даде објаснување и за Скринингот - односно Објаснувачките состаноци и посочи дека Република Северна Македонија на 27 септември 2018 година започна со оваа фаза и со истите заврши на декември 2019, каде беа покриени сите 33 поглавја. Дополнително се даде објаснување и за разработување на новата методологијата.

 

Во однос на соработката помеѓу СЕП и коморите, се дадоа предлози дека Коморите би можеле да се вклучуваат во следните активности:

 

-        Работните групи водени од МНР кои ја разработуваат „Анализата за ефектот на BREXIT врз надворешната трговска размена” – која  е веќе готова и која може да се презентира пред коморите со помош на СЕП и МНР;

-        „Студија за влијанието на втората фаза на ССА“ – која ќе биде готова до крај на јануари 2020;

-        Презентации и обуки на техничко ниво за запознавање на компаниите со процесот на преговори, основи на ССА  и слично;



Сподели