Колку изнесуваат стапките на придонеси за плата за 2020 година?

Колку изнесуваат стапките на придонеси за плата за 2020 година?
БизнисРегулатива | 13.01.2020

 Согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување од плата за 2020 година изнесуваат:

 

 Вид на придонес

Стапка
2020

Задолжително пензиско и инвалидско осигурување

18,8%

Задолжително здравствено осигурување

7,5%

Дополнителен придонес за здравствено осигурување
за случај на повреда на работа и професионално заболување

0,5%

Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност

1,2%

 

Почнувајќи со исплатата на платата за месец јануари 2020 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:

 

  1. Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 98.736,00 денари.
  2. Даночното намалување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 8.228,00 денари.


Сподели