Ангеловска-Бежоска со новогодишна честитка - Ќе ја одржуваме финансиската стабилност

Ангеловска-Бежоска со новогодишна честитка - Ќе ја одржуваме финансиската стабилност
БизнисРегулатива | 02.01.2020

 Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска упати честитка по повод Новата година во која посакува успеси, совладани предизвици и нови перспективи.

 

„Како централна банка, ние и натаму ќе го даваме нашиот максимален влог за просперитетот на македонската економија – ќе спроведуваме соодветна монетарна политика и ќе ги одржуваме макроекономската и финансиската стабилност. Но, во исто време, ќе бидеме посветени и на низа нови проекти со коишто не само што ќе го унапредуваме нашето работење, туку и ќе придонесеме за создавање нови придобивки за секој граѓанин и за општеството во целина”, наведува во честитката.

 

Доколку сите го дадеме сопствениот максимум во остварувањето на целите и задачите што ги имаме, вели гувернерката, напредокот и благосостојбата ќе бидат неизбежни.

 

„Посакувам да нѐ служи добро здравје и среќа за да успееме во тоа. Нека ни се исполнат желбите што силно и искрено ги посакуваме! Меѓу нив и нашата заедничка желба за натамошен економски развој и поквалитетен живот”, истакнува гувернерката во честитката.



Сподели