Повторно променет лимитот на плаќање во кеш - Од 500 се качи на 3000 евра

Повторно променет лимитот на плаќање во кеш - Од 500 се качи на 3000 евра
БизнисРегулатива | 02.01.2020

 Во платниот промет повторно се менува лимитот за плаќање со кеш, односно имаме зголемување на поставениот максимален износ на сумата која може да ја платите од 500 евра на 3000 евра.

 

Измените се донесени во Собранието со позитивно изјаснување на предлогот даден од страна на Владата. Пратениците го одобрија барањето за промени во Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам со кој сега максималниот износ на плаќање за добра и услуги во трговијата изнесува 3000 евра. 

 

Постоеше дебата кој е оптималниот износ за плаќање во кеш споредно и со земјите од регионот бидејќи износот од 500 евра беше критикуван дека е еден од најниските. Овој лимит се поставува со цел да се намали сивата економија со протокот на кеш. 

 

Постигнување на оптимален износ од над 500 евра во платниот промет беше едно од барањата на Стопанската комора на Северозападна Македонија.



Сподели