Граѓаните „искенирале“ поврат од 3,7 милиони евра, парите ќе се префрлаат во февруари

Граѓаните „искенирале“ поврат од 3,7 милиони евра, парите ќе се префрлаат во февруари
БизнисРегулатива | 31.12.2019

Од Министерството за финансии објавија дека граѓаните кои во последните три месеци од годинава скенирале фискални сметки ќе „поделат“ поврат на ДДВ од 3,7 милиони евра.

 

„Денеска завршува второто тримесечје од #МојДДВ. Во месеците октомври, ноември и декември скенирани се 28,948,878 фискални сметки. Остварен е промет од 14,301,474,854 денари. Вкупен ДДВ 1,554,510,671 денари. Поврат 15 % од 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР. Исплатата за второто тримесечје стартува во февруари 2020 година!

 

Исто така продолжува и наградната игра „мој ДДВ, моја награда“ за сите граѓани кои ги надминале месечните максимални износи, па така секоја наредна скенирана фискална сметка е потенцијално добитна на парична награда.

 

Според Министерството за финансии и УЈП овој проект ги дава очекуваните резултати во намалување на сивата економија, зголемување на повратот на ДДВ, како и повеќе средства за самите граѓани. 



Сподели