Кои се можностите и предизвиците за настап на пазарите во Кина, Тајван и Египет?

Кои се можностите и предизвиците за настап на пазарите во Кина, Тајван и Египет?
БизнисРегулатива | 29.11.2019

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ како партнер во проектот Green ICT Development - GIVE ја одржа завршната конференција во Скопје на тема: GIVE - Going International.

 

На настанот беше презентирана „Стратегијата за интернационализација“ на третите пазари која беше развиена во рамки на Green ICT Development - GIVE проектот. Исто така беа презентирани и „Бариерите за интернационализација“ што можат да се појават во процесот на интернационализација.

 

Присутните имаа можност да се запознаат со партнерите во проектот GIVE и да слушнат повеќе за активностите во проектот, успешните приказни и научените лекции. Беа претставени можностите и предизвиците за проширување на бизнисот во Кина, Египет и Тајван.

 

Исто така беа пренесени и искуствата на компаниите и организациите кои веќе работат во овие три земји.



Сподели