Претставени насоките за развој на земјоделско-прехранбениот сектор

Претставени насоките за развој на земјоделско-прехранбениот сектор
БизнисРегулатива | 27.11.2019

 Земјоделството (вклучително лов, шумарство и рибарство) е еден од најголемите и најважни сектори во домашната економија, со учество од околу околу 10-12% во вкупниот БДП остана релативно стабилен сектор изминатиот период. Заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 14-18%.

 

Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значителни затоа што расположливите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови. Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти, наместо развојна нота тие беа искористени како социјално-политичка алатка. Но македонското земјоделство во изминатите 25 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција, констатираше Васко Ристовски во воведниот дел на работната средба реализирана на Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски на тема „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“.

 

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

 

Претседателот Азески посочи дека земјоделскиот сектор иако има значаен придонес во доашната економија досега не бил соодветно третиран. Материјалот изработан од стручната служба на комората за работната средба прествува нов концепт за развој на нов тип на агро секторот и се клучни правци со цел зголемување на продуктивноста во дејноста, посочи Азески, што беше позитивно оценето од страна на ресорниот министер.

 

Инвестициите во водостопанството е сегментот каде што треба да се вложи за да добиеме поголема вредност на земјоделскиот производ. Во моментов преку националните програми од МЗШВ се инвестира во браните Конско, Речани, и само за овие две брани ќе се вложат околу 70 милиони евра во следните две до три години. Во моментот се гради системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза, што е околу 24 милиони евра. Следно, ќе добиеме заем од околу 80 милиони евра од германската банка KfW за инвестиции во капитални проекти за наводнување, за системот за наводнување Лисиче, Конско втора фаза и проект за наводнување на јужната долина на реката Вардар трета фаза и Пепелиште, истана пред присутните стопанственици на работната средба министерот Трајанов. 

 

Тоа значи 170 милиони евра ќе бидат инвестирани од 2017 во следните 5 години во зголемување на наводнуваните површини. Сето тоа значи повеќе наводнување земјоделски површини, поголемо производство, поголема конкурентност на фирмите. Но се поставува прашањето што со производите? Бидејќи инвестираме во капитални проекти за зголемување на производството треба да ја поврземе целата мрежа-истакна во своето обраќање министерот.

 

Тука е проектот преку Светска банка, околу 30 милиони евра ќе бидат инвестирани во изградба на откупно-дистрибутивни центри. Идејата е од една страна да го поттикнеме производството, а друга страна веќе создаваме предуслови за амортизација на вишокот производи  и барање на нови пазари. А новите пазари ќе ги добиеме со подобрување на квалитетот на производите.

 

Во моментот, согласно податоците од Државниот завод за статистика 860 милиони евра е вкупната вредност на  примарно земјоделско производство, со вредноста на преработки уште околу 400 милиони евра, доаѓаме до близу 13 отсто учество на земјоделско-прехранбениот сектор во вкупниот бруто-домашен производ, што е огромен потенцијал. Тој воедно изрази верување дека токму овој сектор има потенцијал да го удвои ова учество. Тоа ќе го постигнеме со поврзување на целиот систем, наводнување со откупни центри и секако со вклученост на науката, создавање на поволна бизнис клима, и само така ќе го подигнеме земјоделството .

 

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

 

Како министерство, вели Трајанов работиме на мерки за создавање на поволна бизнис клима за компаниите и отворање на преработувачки капацитети. Со најновите измени на Законот за земјоделство и рурален развој, додадовме еден член со којшто воведуваме предфинансирање  наменето за бизнис секторот односно за фирмите корисници на ИПАРД програмата.  Искористувањето на ИПАРД се одвива многу добро, ова е прва година во која нема да вратиме пари  што досега се случуваше поради неискористување да се враќаат пари, а ние најверојатно ќе бараме плус пари. Предфинансирањето значи дека фирмите кои имаат веќе потпишано договор со Платежната агенција  за мерките од ИПАРД,  делот којшто не се финансира од ИПАРД, односно сопствениот влог на барателот ќе го финансира државата како заем  без камата, којшто во во период од 8 години корисникот на мерката треба да го врати. Доколку вкупната инвестиција е 100 илјади евра, 50 илјади евра покрива ИПАРД а 50 илјади евра од сопствено учество, за коешто ние со измените овозможуваме предфинансирање од државата пред почетокот на градбата-потенцирање министерот.

 

Инвестициите се една стратешките цели и визии за развој на домашното земјоделство. Мора да го искористиме моментот и делуваме бргу, затоа што оној момент, кога ќе започнеме со преговорите а подоцна и се придружиме на унијата, нема да имаме простор во проширување на мерките за развој на секторот, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

 

На трибината присутните стопанственици од агро секторот партиципираа со предлози и сугестии околу одредени прашања кои ги оптоваруваат компаниите. Во делот на млекарството се постави прашање за визијата и плановите на министерството и Владата во насока на зголемување на сточниот фонд и производство на високо квалитетно млеко. Подршка на ваквата иницијатива даде и Златко Најдовски, Евромлекара-Скопје кој воедно го постави прашањето за увоз на млеко од Турција преку автономна мерка, со цел да се одговори на потребите на компанијата, како за домашен пазар, така и за извоз, пред се во Руската Федерација, со која Евромлекара има договори.

 

Земјоделството е важен сектор, го држи народот на земјата. Состојбата во моментот е драматична. Имаме климатски промени со големи удари на земјоделското производство. Оттука, се наметнува потреба за интензивно вложување пред се во делот на наводнувањето. Истовремено, потребни се вложувања во преработувачките капацитет, конкретни мерки за финансирање во земјоделството, а комуникацијата помеѓу комората, владата и земјоделците да биде постојана, беа пораките од Минчо Јорданов, што е всушност и порака од бизнис секторот.

 

Потребна е стратегија за развој на агросекторот, особено во делот на сточарството, кој е пак основа за развој и на преработувачката индустрија. Треба да се постави лимит во делот на фармерството и подржат професионалните фармери, сметаат одредени стопанственици.

 

Деканот на Факултетот за земјоделски науки и  храна, Вјекослав Танасковиќ упати апел до бизнис секторот за поддршка на науката преку стипендирање на завршен кадар и заедничко учество во проекти  а со цел задржување на младите луѓе во земјата.

 

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

 

На работната средба беше констатирано дека, создавањето на конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на земјата, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктуирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективни пазар кој обезбедува соодветна средина за техничките и претприемачките вештини на домашните фармери. Целта е да се зајакне свеста за македонските земјоделски и прехранбени производи чии имиња се заштитени со оригинални ознаки за потекло, заштитени географски ознаки или загарантирани традиционални специјалности со цел да се зголеми нивната побарувачка, да се зголеми интересот на производителите за влез во производство на заштитени производи за да се постигне нивно подобро позиционирање и да се спречи злоупотреба на заштитени имиња на пазарот.

 

На Македонија и недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ќе допринесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари. Предлог-Буџетот за оваа година за секторот земјоделство, предвидува мерки и политики кои се во насока на унапредување на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини, создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство. Најголемиот дел од предвидените средства се наменети за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција преку која што се исплаќа финансиската поддршка за земјоделството преку директните плаќања од Програмата за рурален развој и ИПАРД Програмата. Се планира во насока на инвестирање на модерно земјоделство, со конкурентни производи и цени на странските пазари. Овој тип на поддршка има за цел отворање /рестартирање на преработувачки капацитети во државата, пласман на финални производи со додадена вредност,  подобрување на капацитетите во руралните средини и овозможување услови за развој на руралниот туризам, задржување на традиционалното селско семејство и негова поддршка за инвестирање во змјоделството, поддршка и поттикнување на земјоделско здружување и промоција на македонските земјоделски производи, инвестиции во примарното земјоделство и промоција на органска фарма.

 

Еден дел од буџетските средства се наменети за развој на инфраструкурните капацитети за развој на земјоделството (инвестиции во системи за наводнување, во модерни мелиоративни системи насекаде низ државата, изградба на брани, регулирање на водни корита итн.). Неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина за да во еден догледен перод може да се видат резутатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здравствено безбедна храна. При тоа, посебно внимание треба да се посвети на адаптација  кон климатските промени (како во растителното производство, така и во анималното), контролирано управување со водните ресурси, биоенергијата и бидиверзитетот во државата.

 

Материјалот, изработен од страна на стручната служба на Комората, беше разгледан на седницата на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија. Истиот од страна на компаниите беше оценет како стратешки и визионерски за секторот и како таков има силен развоен правец доколку истиот биде прифатен од надлежните институции. Предлозите на претставниците од агросекторот беа поддржани, со сугестија истите да се дополнат во делот на географско потекло, етикетирање и промовирање на производите, за што словенечкиот модел беше посочен како успешен пример за решавање

 

Претседателот на Стопанската комора на Македонија на крајот од работната средба истакна дека со организација на еден ваков настан се постигна целта-дебата за еден сериозен сектор. Цел е преку постојана комуникација со ресорното министерство и Владата на РСМ, да се достават предлози за развој на секторот со цел зголемување (дуплирање) на БДП во клучните сектори.

 

Во пресрет на идните политички случувања, комората ќе излезе со свои економски програми и определби, и овој пат ќе побара одговор од политичките партии во земјата колку тие се подготвени да ги подржат барањата на бизнис заедницата и исполнат нивните барања.



Сподели