Барањата на коморите за одложување на прогресивното оданочување вродија со плод

Барањата на коморите за одложување на прогресивното оданочување вродија со плод
БизнисРегулатива | 01.11.2019

Барањата на коморите кои беа упатени преку платформата за јавно-приватен дијалог на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива за одложување на прогресивното оданочување вродија со плод. Бизнис секторот се залагаше државата да ги одложи прогресивните даночни стапки со аргументи кои беа претставени во Студијата за ефекти за политиката на рамни даноци (Прогресивен данок). 

 

Во позициониот документ кој беше застапуван во 2018 година едно од клучните барања беше да се одложи прогресивното оданочување за најмалку пет години. Исто така беше побарано да се направат поголеми консултации со бизнис заедницата. 

 

Коморите беа на став дека позитивниот ефект од воведување на прогресија на данокот на доход за поголеми буџетски приходи ќе биде помал од негативните ефекти кои ќе се одразат на деловното опкружување.

 

Денеска министерката за финансии Нина Ангеловска објави дека прогресивното оданочување се одложува за 35 месеци, односно до 2023 година. 

 

Целата студија која беше изработена од Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива поддржан од УСАИД може да ја најдете на следниот линк.



Сподели