Артикал -
Гостимир: Во Македонија голем проблем за ИКТ се високите даноци
Гостимир: Во Македонија голем проблем за ИКТ се високите даноци
БизнисРегулатива | 21.10.2019
Дејан Гостимир експерт за ИКТ од Хрватска, на неодамнешниот Форум кој се одржа во Скопје во организација на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, истакна дека еден од најголемите проблеми на македонската ИКТ индустрија се високите даноци како и давачките кои компаниите ги имаат за исплата на плати кон државата.
„Разговарајќи со колегите на Форумот за ИКТ сфатив дека Хрватска, Србија, Македонија и сите околни земји од регионот имаат многу слични и речиси исти проблеми во ИКТ индустријата. ИКТ е во голем пораст, и има голема потреба од работна сила. Проблемите кои ги има Македонија се големите даноци, општо проблеми со пресметка на исплатата на плати. Хрватска се соочуваше со овие проблеми но, со одредени даночни мерки успеавме да ги растовариме пресметките на плата, односно давачките кон државата и за вработените во ИКТ индустријата. Мерка која најмногу сакам да ја истакнам е мерката за поттикнување на инвестициите, односно за едукација на вработените се признава како даночен расход во износ до 80%“ вели Гостимир.
Тој го пренесе хрватското искуство со серијата на стимулативни даночни мерки за ИКТ индустријата. Тие предвидуваат признавање на даночни расходи за едукација на вработените, како и даночни ослободувања за млади вработени со цел тие да останат во земјата, а со тоа и самата ИКТ индустрија да остане компетитивна.
Придонесот за здравствено осигурување од 16,5% во Хрватска не се плаќа ако се вработи лице до 30 години и оваа мерка може да се користи во рок од 5 години.