Колемишевски: Ќе се заложиме преку PayPal да се продаваат и нашите производи на светскиот пазар

 Колемишевски: Ќе се заложиме преку PayPal да се продаваат и нашите производи на светскиот пазар
БизнисРегулатива | 07.10.2019

Заменик министерот за економија Кирил Колемишевски денеска се сретна со Венко Глигоров и истакна задоволство од овозможувањето на PayPal во државата, но дека ќе се заложи и за продажба на македонските производи на странските пазари, со оглед дека оваа услуга е само достапна за купување на странски производи од граѓаните на нашата земја.
 
„Одлична средба денеска со Венко Глигоров, еден  од нашите најискусни претприемачи и претставникот на приватната иницијатива за воведување на PayPal и останати платежни процедури.
 
 
Како што е познато, PayPal е овозможен во државата за купување на производи од странство, но нема можност за продажба на македонските производи на странски пазари.
 
Преку овозможување на PayPal сметам дека има голем потенцијал на македонската економија, нашите производи и услуги да се најдат на светскиот пазар. Ова особено е корисно за микро и малите фирми, поединците и професионалците, чии услуги и производи се барани во Европа и Светот.
 
Заедно ќе се заложиме овој сегмент од македонската економија да го динамизираме и да овозможиме услови за поголем извоз на македонските производи и услуги“, напиша Колемишевски.


Сподели