Анѓушев: Да се пролонгира воведувањето данок за капитални добивки

Анѓушев: Да се пролонгира воведувањето данок за капитални добивки
БизнисРегулатива | 06.10.2019

Вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев е против одлагање на мерката да се даночат со 15 отсто заштедите на граѓаните во банките. Сепак, смета дека е добро да се одложи воведувањето данок на капитални добивки. Тврди дека нема акции и затоа одложувањето на мерката не го тангира.
 
„Тој данок мислам дека треба да се пролонгира за да се стимулира работата на берзите, зашто нашата берза е млада берза и допрва треба да се развива и сите држави кои биле во тој сегмент на развој го направиле тоа за да ги развијат берзите и берзанското работење и да ги охрабрат компаниите кои се друштва со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва бидејќи тоа е еден од начините да дојде свеж капитал во тие фирми“, рече Анѓушев.
 


Сподели