ВИП стана оператор А1 Македонија - Што ќе значат промените за корисниците?

БизнисРегулатива | 03.09.2019

Телекомуникацискиот оператор Вип се ребрендираше целосно во А1 Македонија, како дел од поголемата групација на мобилни оператори А1. Со новото име, лого и нов изглед на продажните места доаѓаат и повеќе новитети за корисниците, а водството на компанијата на промотивниот настан истакна дека ќе се вложува во иновации како и дигитализација која ќе биде достапна за сите корисници. 

 

На настанот по повод официјалното ребрендирање, главниот извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата, Томас Арнолднер, главниот извршен директор на А1 Кластерот „Хрватска и Македонија“, Јиржи Дворјанчански, и извршниот директор на А1 Македонија, Мислав Галер, го претставија новиот А1 бренд, осврнувајќи се на клучните поенти поврзани со процесот на ребрендирање, идните планови на компанијата, како и на најновите понуди.

 

 

„Трансформацијата од Вип во А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигиталната ера на нови технологии. Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд, со кој креираме нови приказни и отвораме нови светови.На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуствата според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време. Цврсто верувам дека сите заедно ќе придонесеме оваа наша визија да стане реалност“, изјави Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

 

Новиот бренд А1 на корисниците им овозможува врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура, која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината.

 

Зад промената на брендот и името на компанијата стои многу поголема и суштинска промена, која ќе влијае врз сите сегменти од работењето, што води кон задоволување на комуникациските потреби на корисниците, а подразбира најмодерна оптичка инфраструктура, мобилна мрежа од новата генерација што овозможува кристално јасен звук и подготвеност за 5G-технологија.

 

 

А1 понуди и промоции

 

 

По повод официјалната објава за промена на брендот, A1 подготви посебно изненадување за сите свои корисници со кое ќе можат да уживаат во премиум дигитално искуство.

 

Сите корисници кои ќе ја симнат новата и усовршена апликација Мојот А1 добиваатбесплатен еднократен интернет пакет со 10GB.

 

Сите нови и постојни корисници кои ќе склучат договор на А1 Neo M или A1 Neon тарифните модели, добиваат новa услуга А1 Net Sef – личен сеф за интернет, каде што корисниците можат да го сочуваат неискористениот месечен мобилен интернет и ќе може да го користат кога и да посакаат, а воедно и лесно да го раководат преку Мојот А1 апликацијата.

 

 

 

Деловните корисници можат да уживаат во придобивките на А1 Business понудата која овозможува поефикасно решавање на сите бизнис предизвици, во секое време, каде и да се. Со тарифите А1 Neo XL и A1 Neo L, корисниците добиваат 1GB интернет во роаминг, секој месец.

 

A1 Combo, производот што овозможува одлично дигитално искуство со одличен  квалитет, најдобри ТВ филмски канали, неограничен интернет, од денеска е достапен за сите нови корисници со Smart Band подарок.

 

 

Информации за корисниците:

*  Нема потреба од промена на опремата, претплатничкиот број, SIM-картичката или договорите за траен налог.

*  Постојните претплатнички договори и тарифни модели остануваат во важност и продолжуваат да се применуваат под истите услови како и досега.

*  Промената на името на мрежата од Vip во А1 ќе биде видлива во делот на уредот во зависност од моделот. Доколку уредот не може веднаш да ја препознае А1, потребно е корисникот да го исклучи уредот и повторно да го вклучи.

*  Нема промена во листата на ТВ-канали.

*  Во согласност со промените на името на брендот, се менуваат називите на некои од производите и услугите (Мој Вип станува Мојот А1; Vip Combo ќе се преименува во А1 Combo), но притоа сите услови за нивно користење и цени остануваат во важност и непроменети.



Сподели