Работен состанок на Комисијата за јавно-приватен дијалог

БизнисРегулатива | 27.08.2019

Комисијата за јавно приватен дијалог со претставници на Владата на Република Северна Македонија одржа работен состанок на кој се разговараше за продолжување на соработката.
 

Владината група изрази подготвеност за разгледување на сите доставени барања на бизнис заедницата срочени во позиционите документи како заеднички став на четирите комори Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.
 

На работниот состанок е дискутирано за динамиката со која Платформата ќе продолжи да делува во обид да се подобри сеопштата бизнис клима со промени во регулативата кои ќе го олеснат работењето на компаниите.
 

Следниот состанок на Платформата за јавно-приватен дијалог ќе се одржи на крајот на септември.



Сподели