Која е замислата на Стив Џобс за револуционерен маркетинг?

БизнисРегулатива | 27.08.2019

 Во реалноста маркетингот е досаден, неоригинален и најчесто е копија на веќе постоечки кампањи.

 

Решението на Apple  за вообичаената маркетинг кампања

 

Кога Apple го претстави првиот Ipod, нивната маркетинг стратегија се одвиваше околу една реченица: “1,000 песни во твојот џеб”.

 

Кратко, јасно и прецизно. Со оваа кампања iPod  доминираше на пазарот како инстантен бест-селер,  а iTunes прерасна во една од најдобрите музички платформи.

 

Разликата помеѓу “просечно” и “извонредно

 

Целта на најдобрите кампањи е да ги натераат луѓето да зборуваат за нив или пак уште подобро да купуваат. Тие претставуваат основа во развојот на компанијата. Сите највлијателните маркетинг кампањи имаат нешто заедничко, тие се фокусираат на корисникот (клиентот).

 

Планот на Apple за маркетинг преку емпатија

 

iPod не бил првиот ни најдобриот MP3 плеер на пазарот. Apple тоа го надминале со тоа што не зборувале за меморијата на уредот, ни за големината на екранот ниту пак за техниките за скролање. Им било потребно да се издвојат од конкурентите и за таа цел размислувале околу прашањето:  Кој проблем производот го решава за нашиот клиент? И како јасно да го артикулираме нашето решение за тој проблем?

 

Целата маркетинг стратегија на Apple се врти околу две прашања:

 

1.     Кој проблем производот го решава за нашиот корисник?

 

Пред iPod постеле големи,тешки CD уреди многу непрактични за секојдневна употреба. iPod ја врши истата функција, но во многу покомпактна, попрактична верзија.

 

2.     И, како јасно, концизно да го пренесеме нашето решение за тој проблем?

 

Сите MP3 плеери го имале истиот проблем. Потрошувачите едноставно не можеле да си претстават како изгледаат 1,2,5 или 10 GB. Решението на Apple? “1,000 песни во твојот џеб”. Со малку емпатија кон своите корисници тие успеале да ја забележат фрустрацијата на потрошувачите и да го решат скриениот проблем за маркетирање на iPod. Токму во вториот дел се случува магијата.

 

Што можеме да научиме од Apple и Стив Џобс?

 

Треба да започнете да размислувате како вашите производи го подобруваат животот на корисниците и како јасно да го пренесете  вашето решение за тие да можат лесно да го разберат. Главната цел е корисниците да помислат: “Се согласувам. И го посакувам.”  

 

Извор: medium.com



Сподели