Царовска го претстави Законот за практиканство пред банкарите

Царовска го претстави Законот за практиканство пред банкарите
БизнисРегулатива | 01.08.2019

 Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и преставници од министерството денеска имаа работен состанок со членовите на Македонската банкарска асоцијација. На состанокот пред банкарите беше презентиран новиот Закон за практиканство којшто е на сила од крајот на минатата година и можноста за негова примена во банкарскиот сектор.

 

„На иницијатива на стопанските комори направивме законска рамка со којашто се дава простор компаниите да ангажираат невработени лица на практична работа. На овој начин ја зголемуваме вработливоста на младите лица, но и можноста за избор на квалитетен кадар“ рече министерката Царовска на состанокот.

 

Маја Стевкова Штериева, Претседателка на Македонската банкарска асоцијација рече дека Законот дава можност за опфаќаме и на среднистите за дел од работните места со коишто во моментот банкарскиот сектор се соочува со недостиг како што е ИТ кадарот”, рече Стевкова Штериева.

 

Со Законот за практиканство се дава можност за работно ангажирање на сите лица коишто не се во работен однос, а имаат завршено најмалку основно образование и се на возраст до 34 години. Законот овозможува платена практична работа во траење од 6 месеци. 



Сподели