Направете надградба на апликацијата Мој ДДВ за да продолжите да скенирате

Направете надградба на апликацијата Мој ДДВ за да продолжите да скенирате
БизнисРегулатива | 31.07.2019

Мобилната апликација Мој ДДВ за Андроид паметни телефони доби нова верзија која корисниците треба да ја инсталираат на своите смартфони за да продолжат да ги скенираат фискалните сметки за поврат на 15% од платениот данок на додадена вредност. Откако ќе ја направите надградбата со новите функции на Мој ДДВ би требало многу полесно да продолжите со скенирање на бар кодовите од сметките. Самата надградба со новата верзија на Мој ДДВ нема да има никакво влијание од претходно скенираните сметки, односно сите податоци се сочувани, тврдат од УЈП. 

 

„Со цел да се постигне уште подобра функционалност на апликацијата мојДДВ за поднесување на фискалните сметки и со тоа на граѓаните да им се овозможи полесно и побрзо да го остварат правото на поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ, како и секоја друга апликација подлежи на промени“, велат од УЈП. 

 

Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги превземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата, подобрена верзија.  Земајќи ги во предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки“, соопштуваат од УЈП. 

 

Од УЈП велат и дека системот мојДДВ непречено функционира а до вчера преку апликацијата МојДДВ се скенирани 6,949,294 фискални сметки, остварен е промет од 3,529,985,093 денари со пресметан ДДВ во износ од 381,833,364, додека повратот од 15 % изнесува 57,275,005 денари.



Сподели