Преземете го прирачникот за побрз и полесен извоз на странски пазари

БизнисРегулатива | 04.07.2019

Македонските компании и претприемачи кои имаат планови за проширување на бизнисот сега на располагање имаат многу корисна алатка преку новиот прирачник „Насоки за побрз и полесен извоз и настап на странски пазари“.

 

Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија извезуваат помалку од 3.400 компании, или помалку од 5% од вкупниот број на активни трговски друштва. Според големината на фирмите, дури 53% од извозните македонски фирми се микро фирми со помалку од 10 вработени, кои прават една третина од извозот. Најголем дел од извозот се прави кај големите извозни компании, кои вработуваат над 250 лица. Податоците покажуваат дека Македонија има само 103 големи извозни компании, што е 3% од вкупниот број на извозни фирми, а тие прават годишен извоз од близу три милијарди евра, или кај овие стотина големи извозници се создава близу 70% од вкупниот извоз на државата. 
 

Прирачникот дава одличен преглед на условите за транспорт, царинските процедури, потребната документација, финансирањето, договорите, потребните стандарди и многу корисни информации.
 

Брошурата „Насоки за побрз и полесен извоз и настап на странски пазари“ ја изработи Стопанска комора на Македонија како дел од активностите на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.
 

Брошурата „Насоки за побрз и полесен извоз и настап на странски пазари“ може бесплатно да ја преземете на следниот линк.

 

Овој прирачник е подготвен со поддршка на американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во оваа „Брошура за извоз со насоки и совети за побрз и полесен извоз и настап на странски пазари“ им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави. 



Сподели