Трговската размена меѓу Северна Македонија и Албанија постојано расте, но бизнис заедниците на двете земји се сложни дека соработката може да биде многу поголеми со конкретни барања за олеснување на царинските процедури, воспоставување на заеднички технички стандарди на граничните премини и терминали, како и создавање на нови иницијативи за зголемување на извозот и размената на добра. За перспективите на албанскиот пазар, за можностите за креирање на заедничка туристичка понуда за освојување на нови гости од странство, анализираме со Марсела Маци, експерт од Албанија за економска соработка. Маци е дел од Асоцијацијата на прехранбената индустрија на Албанија задолжена за сертифицирање, и слободна трговија регулирана од домашните и европските закони.
Разговараше: Христијан Станоевиќ
Бизнис регулатива: Трговската размена помеѓу Северна Македонија и Албанија според официјалните статистики се подобрува со мал износ. Во 2018 размената надминала 166 милиони американски долари, додека пак за една година имаме раст од 15%. Што може да се подобри во регулативата за овој процес да се подобри и во иднина?
Како што констатираше Европската Комисија за подобрување на слободната трговија секогаш има две точки на кои треба да се започне со работа:
Да се направи трговијата поевтина со значително намалување на сите царински обврски и намалување на ограничувањата и да се направи трговијата побрза преку обезбедување на транзит преку царина и поставување на заеднички правила за технички и санитарни стандарди.
Затоа секогаш има простор за подобрување на националната регулатива во двете земји за да овозможи поевтина и побрза трговија. Посебно што се однесува на нетарифните и неформалните бариери и пречки, останува да се направат големи подобрувања меѓу двете земји. Ова може да се разбере и од вестите кои на периоди се појавуваат во албанските медиуми дека големи пратки се блокирани на границата повеќе денови што ја прави трговијата, особено на тие производи кои брзо се расипуваат како овошјето и зеленчукот, многу тешка па дури и невозможна.
Бизнис регулатива: Каде ја гледате перспективата на македонскиот извоз во Албанија, што треба македонските компании да направат за да ја подобрат позицијата на албанскиот пазар, кои сектори се идеални за извоз на повеќе добра и обратно?
Најпрво треба да кажеме дека не постојат официјални документи за политики за извоз и трговска размена во двете земји кои ќе ни покажат соодветна анализа на потенцијалот за увоз/извоз помеѓу Северна Македонија и Албанија, како и тоа која е позицијата на владите за што е приоритет во извозот. Затоа, всушност трговската размена меѓу двете земји е резултат на приватни иницијативи на бизнис секторот, отколку некаков добро организиран процес каде билатералните договори даваат правилна ориентација за тоа како се отвораат нови пазари за добра и услуги, и во извозот и во увозот.
Затоа неопходно е за македонската и албанската страна да седнат заедно и да дискутираат за потенцијалот за трговија за нивен заеднички бенефит, слично како тоа што го прават развиените земји, како што неодамна слушнавме за разговорите за слободна трговија меѓу САД и Германија или за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Јапонија. Со вакви примери заедничка работна група со претставници од двете земји ќе може да ги истражи можностите за зајакнување на трговската размена преку долг и тежок, но многу плоден процес.
Време е да слушнеме за вакви иницијативи и во нашиот регион. Бидејќи и двете наши земји се стремат да влезат во ЕУ, би било добро да се применат такви практики како што прават земјите од ЕУ. Работните групи треба да ги сочинуваат сите засегнати страни, вклучувајќи ги и македонските и албанските компании кои се заинтересирани за извоз во соседната земја, кои можат да го споделат своето искуство и интересот што го имаат на извозниот пазар. Ваквите заеднички напори меѓу компаниите и владите на двете страни се единствениот начин што може да доведе до нови извозни перспективи за бизнис заедницата.
Бизнис регулатива: Постојат неколку иницијативи за подобрување на царинските постапки и помалку задржување на граничните премини. Како албанската страна гледа на овој проект? Дали во блиска иднина ќе има подобрувања што ќе го олеснат тргувањето и протокот на стоки?
Како што споменав погоре, албанската деловна заедница очекува да избегне инциденти кои ја попречуваат нивната стока да поминува низ границата. Постои постојан притисок од страна на албанската бизнис заедница до Министерството за економија и Министерството за земјоделство за да се олеснат граничните процедури и да се преземат сите неопходни мерки во соработка со македонските власти за да се обезбеди непречен проток на прекуграничен транспорт на нивната стока. Затоа, сите напори за подобрување на царинските постапки се добредојдени тука, и работата во оваа насока треба да продолжи.
Бизнис регулатива: Исто така постои голем потенцијал во туристичката понуда што може да биде подобро застапена на глобално ниво со заеднички настап, но нема соодветна инфраструктура. Дали имате било какви предлози за тоа како да ги наметнете овие идеи кои произлегуваат од деловната заедница?
Да, регионот треба туристички да се презентира заеднички за далекусежните туристи кои доаѓаат од други континенти и кои обично сакаат да истражуваат неколку од нашите земји во едно патување. Не работи доволно во оваа насока. Според мое мислење, кога ќе кажете "има недостиг на соодветна инфраструктура", тоа повеќе значи дека има недостатокот на понуда од ваков туристички пакет, отколку на патната инфраструктура. Таа секогаш може да се подобри, но тоа не е непремостлива пречка во сегашната состојба.
Од моето лично искуство, можам да кажам дека, на пример, Охрид и албанската ривиера се сосема комплементарни едни на други, бидејќи и двете нудат еден вид летни одмори, кои се разликуваат од другите, додека се надополнуваат едни со други: еден во близина на езерото, друг до морето; еден со медитеранска храна, а другиот со европска континентална храна. Токму овој голем спектар на нашиот регион е на многу кратко растојание што треба да се искористи во интерес на двете земји. Се надевам дека еден ден ќе ги видиме пакети за туристите за годишни одмори на балканска турнеја, кои ќе го остварат токму тоа, патување низ сите наши уникатни земји.