Спроведувањето на договорите и натаму голема слабост во Северна Македонија според Европската комисија

БизнисРегулатива | 10.06.2019

 Европската комисија во последниот годишен извештај за напредокот на Северна Македонија нотира дека во бизнис опкружувањето и натаму спроведувањето на договорите е еден од поголемите проблеми. Во генералниот осврт на состојбите во економијата се наведува дека направен е одреден напредок, но сивата економија и спроведувањето на договорите и натаму се едни од најголемите пречки.

 

„Што се однесува до економските критериуми, Северна Македонија постигна одреден напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија. Економскиот раст продолжи по една година на стагнација, иако инвестициите останаа покорени. Владата презеде мерки за подобрување на управувањето со јавните финансии и транспарентноста. Ги усвои реформите за оданочување на приход и системот за пензии. Сепак, составот на трошењето се влоши и фискалната консолидација треба да биде поамбициозна за да ги стави јавните финансии на одржлив пат. Функционирањето на пазарот на трудот е нарушено со постојани структурни проблеми. Спроведувањето на договорите и големата неформална економија продолжуваат да претставуваат предизвици за деловното опкружување“ оценува Европската комисија во генералниот осврт на економските критериуми.

 

Во подеталниот сегмент посветен на деловното опкружување Европската комисија оценува дека и натаму институционалните капацитети за спроведување на правото останува слабост.

 

„Спроведувањето на договорите е сè уште неефикасно. Институционалниот капацитет за спроведување на законот останува слаб, и решавањето на комерцијални спорови преку суд одзема многу време и пари. Оптимизам за бизнисот произлегува од обврската на владата да го намали бројот на ненајавени инспекции и износот на парафискални давачки. Законодавството за инспекциите во моментов се менува со цел да се намалат и казните за разни прекршоци. Важно е да се осигура дека се применува новата легислатива која воведува транспарентни постапки за инспекција што ги спроведуваат инспекторати со јасни овластувања. Доцнењата во враќањето на ДДВ и усогласеноста на јавните органи со нивните обврски за плаќање кон приватниот сектор, како што се бара од страна на Директивата за задоцнето плаќање на ЕУ 49, продолжуваат да влијаат негативно на ликвидноста на компаниите. Во тек се законски реформи за подобрување на независноста и непристрасноста на судовите. Донесени се измени и дополнувања на релевантните закони за дисциплинска одговорност на судиите и процедурите. Во 2018 година, бројот на нови компании е намален за 5% во споредба со претходната година. Во извештајниот период не беа преземени дополнителни мерки за поедноставување на регистрацијата на компаниите. Бришењата на регистарот на компании се намалија за 39% и нови стечајни постапки за 48%. Новиот закон за банкрот се уште е во подготовка“ оценува Европската комисија.

 

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива поддржан од УСАИД, а спроведен од четирите најактивни стопански комори на 18 јуни во Штип ќе одржи инфо-сесија токму на темата финансиска дисциплина и спроведување на договорите. Целта на настанот е преку учество на самите компании од бизнис секторот да произлезат конкретни предлози за подобрување на регулативата и олеснување на процесот на водење на бизнис. На инфо-сесијата ќе има учество на домашни и странски експерти како и претставници на наделжните органи.

 

Инаку потребно е дополнително усогласување на постоечкиот Закон за финансиска дисциплина со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции на Европската унија. Досега се предложени повеќе измени во законот, меѓу кои намалување на надоместокот за задоцнување за навремено плаќање од 3000 на 2400 денари, надзорот на законот кој го врши УЈП да се префрли на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија и прецизирање на условите од договорот дека не се значително неправедни и нефер кон доверителот,



Сподели