ИНТЕРВЈУ ДИРЕКТОРОТ ЗА ГЕНЕРАЛЕН РАЗВОЈ ВО УСАИД МАКЕДОНИЈА, Г-ДИН ЕДВАРД ГОНЗАЛЕС

ИНТЕРВЈУ ДИРЕКТОРОТ ЗА ГЕНЕРАЛЕН РАЗВОЈ ВО УСАИД МАКЕДОНИЈА, Г-ДИН ЕДВАРД ГОНЗАЛЕС
БизнисРегулатива | 12.06.2018

 

Проследете го интервјуто со директорот за генерален развој во УСАИД Македонија, г-дин Едвард Гонзалес во целост на следново видео:

 

 


Во ексклузивното интервју директорот за генерален развој во УСАИД Македонија, г-дин Едвард Гонзалес изјави:

 

Во изминатава година забележуваме зголемен дијалог помеѓу Владата, приватниот сектор, невладиниот сектор и пошироката јавност. Подобрувањето на јавно-приватниот дијалог е важно бидејќи секој од секторите различно ги доживува случувањата, и секој сектор ставовите на јавните дебати ги истакнува од сопстевен аспект. 

 

Од моето доаѓање во Македонија во септември 2016 година, имав можност да ја посетам целата земја и да запознаам многу различни луѓе.  Имав прилика да ги слушнам проблемите на земјоделците и младите претприемачи. Ги слушнав и фрустрациите на бизнисите, кои честопати се среќаваат со комплицирана и контрадикторна регулатива. 

 

Но, во истовреме, забележав дека кога на фармерите и претприемачите во Македонија им се дадени на располагање вистинските алатки, пристап до финансии и соодветни услови, тие се  успешни и напреднуваат. 

 

Луѓето во Македонија имаат желба да бидат дел од позитивните работи кои се случуваат во оваа држава. Тие сакаат да придонесат кон создавањето на услови во кои бизнисите ќе просперитаат, претприемачите ќе иновираат, а младите луѓе од државата ќе најдат вработување во своите населени места.

 

УСАИД отсекогаш со гордост го поддржува приватниот сектор во Македонија. Ние сме подготвени да застанеме зад плодниот дијалог на бизнис заедницата и Владата во врска со усогласување на регулативата, помошта на МСП и поддршката на фармерите и претприемачите. 

 

Обостраниот дијалог е добредојден и тој мора да продолжи. Но, во иднина, фокусот мора да се промени и да биде ставен на конкретни, мерливи дела. 

 



Сподели