ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРО-ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА, Г-ДИН НЕБИ ХОЏА

ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРО-ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА, Г-ДИН НЕБИ ХОЏА
БизнисРегулатива | 12.06.2018

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, како институционална надградба на стратешката определба на СКСЗМ за Праведната примена на законите како предуслов за правна држава, за микро, малите и средните претпријатија, но и на големите претпријатија, преставува можност да нивниот глас биде сослушан и земен во предвид од страна на законодавците и тие што применуваат законодавство во пракса.

  

Фактот дека 4 најголеми комори во Македонија за првпат настапуваат заедно во проект говори дека ние како претставници на бизнис заедницата, како никогаш досега сме заедно и третираме реалните проблеми на бизнисот, преку овој проект се нуди можноста заеднички да ги идентификуваме но да нудиме и решенија за елиминирање на постоечките пречки во работењето на компаниите, посебно на МСП кои немаат капацитети за да ги следат постојаните промени во правната регулатива. Во рамки на овој проект изработени се десетици позициски документи и испратени до релевантните државни институции. Овие позициски документи се изработени врз основа на идентификуваните проблеми кои произлегоа од директните средбите со компаниите. 

 

 

Понатаму, важно е да се напомене фактот дека со новата алатка која им стои на располагање на компаниите наречена www.biznisregulativa.mk им се овозможуваа на компаниите да се само-евалуираат преку т.н. чек листи. На овој начин компаниите може не само да ја видат нивната усогласеност со законската регулатива, но и областите/законите со кои не се усогласени и чекорите кои треба да ги преземат за да го усогласат своето работење. Овa претставува одлична алатка за компаниите кои ќе ги имаат сите важни информации за нивното работење навремено. Исто така, можностите кои ги нуди овој агрегатен портал за добивање на информации од експерти за пречките и проблемите со кои тие се соочуваат во нивното работење и како тие да се отстранат, претставува одлична можност за сведување на минимум потенцијалните проблеми или грешки при работењето.

 

Водени од загриженоста за барањата на бизнис заедницата за воведување на основа за „фер плеј“ правила за водење бизнис, потпирајќи се на потребата за соработка помеѓу политичките чинители и бизнис заедницата за креирање на политики кои што ќе придонесат во елиминирање на непотребните пречки во работењето на компаниите, според нас првиот чекор кон постигнување на оваа цел е направен. Најважниот чекор кој што е направен е создавањето на врска помеѓу бизнис заедницата и Владата на РМ, односно потпишување на меморандумот за соработка за создавање на јавно – приватен дијалог помеѓу 4 најголеми комори во РМ со Владата на РМ. Ова е прв пат најголемите комори на високо ниво во земјата со меморандумот за соработка да создадат дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор, преку која ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис во нашата земја, да се зголеми конкурентноста на економија на Република Македонија, подобрување на квалитетот на локалните производи и услуги и забрзување на севкупниот раст и развој на Република Македонија. СКСЗМ го подржува овој чин кој треба да ја зајакне комуникацијата меѓу државата и приватниот сектор, градење на доверба и партнерство што ќе овозможи долгорочен напредок и развој на земјата во економијата. Мораме да продолжиме да работиме заедно за да ги оствариме нашите цели и да создадеме подобри услови за инвеститорите и домашните компании и преку оваа соработка да се формираат форми на ефективна координација и дијалог.



Сподели