ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕ НА МАСИТ, Г-ДИН ДРАГАН ЧЕПУЈНОСКИ

ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕ НА МАСИТ, Г-ДИН ДРАГАН ЧЕПУЈНОСКИ
БизнисРегулатива | 11.06.2018

Проследете го интервјуто со Претседателот на Собрание на МАСИТ, г-дин Драган Чепујноски  во целост на следново видео:

 

 

Во ексклузивното интервју Претседателот на Собрание на МАСИТ, г-дин Драган Чепујноски изјави:


1. Каков е односот помеѓу МАСИТ (и стопанските комори) и државата?

 

Како стопанска комора, една од улогите на МАСИТ е да ги застапува заедничките интереси на индустријата и во соработка со државните институции да обезбедува соодветни информации, тренинзи, организација на настани и друга форма на обуки за примена на законските решенија, но и да придонесува во градењето и спроведувањето на прописите.

Во таа насока, преку остварување непосредна соработка со институциите настојуваме постојано да ги следиме промените на законите и да укажуваме на решенија кои сметаме дека се најсоодветни. Можеме да искажеме извесно задоволство од соработката, иако во доменот на развој на законската рамка често имаме впечаток дека на аргументите на индустријата не се обрнува доволно внимание.

Во оваа прилика би сакал да искажам задоволство од интензивирањето на соработката со Владата во последните месеци преку организацијата на Western Balkans Digital Summit, потпишувањето на Меморандумот за соработка на Владата и стопанските комори, како и активната соработка што ја остваруваме со Министерството за Информатичко иопштество и Администрација во повеќе проекти.

 

2. Улогата на МАСИТ како гласноговорник на бизнис заедницата?

 

Преку своите работни тела, МАСИТ ги агрегира ставовите на бизнис заедницата во доменот на информатичките и комуникациски технологии и во различна форма прашањата од заеднички интерес на своите членки ги застапува пред јавноста и институциите на админситрацијата.

Членството на МАСИТ во Светската Алијанса на ИТ сервиси (WITSA), каде членуваат голем број на ИКТ Асоцијации од целиот свет, како и Balkan and Black Sea Cluster Network Платформата, дава можност за пренесување на најдобрите светски практики во развојот на информатичката технологија и дигитално општество. Тоа е потенцијал кој веруваме дека ќе биде препознаен од нашите партнери и заеднички ќе ја приближиме Македонија кон современите и напредните бизнис средини.

 

3 & 4. Вклученоста на бизнис заедницата во процесот на носење (но и спроведување) на законите и слухот на државата за реалните потреби на бизнис заедницата (не политички, туку повеќе историски)?

 

Секако дека бизнис заедницата е, и тоа како, заинтересирана да учествува во креирањето и спроведувањето на регулативната рамка. Компаниите во некои случаи самостојно ги застапуваат своите ставови, но најчесто тоа го прават како заедница на заинтересирани субјекти. Коморите во тој поглед се идеална платформа за соработка.

Како што веќе претходно истакнав, преку нашата активна соработка со органите на државната администрација, настојуваме да се посветува повеќе внимание на идеите и аргументите на бизнис заедницата, бидејќи на крајот на денот, БДП се генерира преку деловна активност пред се.

 

5. Кои се следни активности кои би требало да се превземат со цел да се подобри процесот на соработка помеѓу државата и бизнис заедницата?

 

Прв и најзначаен чекор во остварувањето на релациите е довербата. Преку градење на доверба се отвораат можности за инензивна соработка.

Во градењето на довербата потребна е искрена отвореност и транспарентност на партнерите. Јавната расправа е начин на кој најдобро можат да се истакнат аргументите за решенијата кои се предлагаат. Меѓутоа, сведоци сме дека често се злоупотребува терминот јавна расправа преку различни форми на нејзино извитоперување.

Јавната расправа секогаш мора да биде поткрепена со соодветни аргументи за предложените решенија како од страна на предлагачите, така и од страна на учесниците кои го даваат својот придонес. Владата, како предлагач на законските решенија, има одговорност да обезбеди убедливи аргументи, како за предлог решенијата, така и за прифаќањето или одбивањето на предлозите од заинтересираната јавност.

Не помалку значаен фактор е и временската рамка за водењето на јавната рсправа. Секако дека има исклучоци, но тесните рокови за водење на јавна расправа најчесто се резултат на доцнење на законските решенија или претходни груби грешки во политиките. Донесувањето на прописи во итна постапка треба да биде редок исклучок, а вистинската јавна расправа треба да доминира во градењето на регулативната рамка.

Зголемувањето на процесот на транспарентност ќе доведе до зголемување на довербата и зголемен интерес бизнис секторот да се вклучи во креирањето на регулативата, како и намалувањето јазот што постои помеѓу државните институции и коморите, односно приватниот сектор.

 

6. Вашето мислење по однос на Меморандум за формално воспоставување на јавно - приватен дијалог помеѓу четирите стопански комори и Владата?

 

Меморандумот е потпишан помеѓу четирите стопански комори и Владата на наше големо задоволство и верувам дека ќе вроди со унапредување на соработката. Преку својата активност Комората МАСИТ ќе придонесе овој меморандум да не биде само симболично, туку да прерасне во платформа за заедничко градење на подобра бизнис клима. Веруваме дека сите потписници на Меморандумот делат ист ентузијазам.

 

7. Вашето мислење во однос на алатките кои се вклучени и развиени во проектот на УСАИД, односно Позициски документи, Листи за проверка со усогласеноста со бизнис регулативата, Порталот како пристап до релевантни информации, како и Прашај експерт)?

 

Целокупно гледано проектот на УСАИД со сите свои алатки е одлична можност за едуцирање на компаниите, препознавање на нивните проблеми и иницирање на соработка со надлежните институции за решавање. Овој проект има голема вредност, како за имплементаторите, така и за секоја компанија која ќе добие поддршка. Алатките понудени преку проектот ќе бидат од значителна корист, земајќи ја предвид обемноста на легислативата.

 

8. Вашиот став околку заедничка соработка помеѓу 4те стопански комори?

 

Природно, стопанските комори се секогаш на иста страна кога станува збор за градењето на бизнис климата. Чест е случајот некои компании да бидат членови на повеќе стопснки комори. Заради тоа, соработката на коморите се наметнува сама по себе.

Сепак, со оглед на тоа што често временската рамка не овозможува соодветна координација во рамки на самите комори, а уште помалку помеѓу коморите, соработката на коморите има ограничен карактер.

Преку соработката помеѓу коморите ставовите и аргументите на бизнис заедницата само можат да добијат на квалитет и во име на тоа таквата соработка треба да се поддржува и негува.



Сподели