Бержецки: Предлог Законот за заштита на личните податоци е репресивен и носи големи трошоци

БизнисРегулатива | 07.03.2019

Заштитата на личните податоци во нашата држава не е нова појава, наведената материја е регулирана со Законот за заштита на личните податоци од 2005 година и со одредени измени се применува и до денес. Сепак, со наведениот предлог  за Закон за заштита на лични податоци  се воведуваат големи новини кои пред се ќе имаат значајно влијание во работењето на правните лице на следниот начин:

 

- Со постојниот закон обврска  на контролорот беше да определи офицер за заштита на лични податоци, сепак со предложените измени во чл. 69 се воведува и сертификати кои ги издава Агенцијата со важност од 2 години, а кои трошоци ќе паѓаат на товар на правните лице. Времетраењето на сертификатите според мене е непотребно и е потребно да биде без временско ограничување со можност истите да посетуваат еднаш годишно обуки за унапредување на своето знаење. Истиот став го имаат и Македонската банкарска асоцијација. Исто така потребно е пред именување за офицер за заштита на личните податоци истиот да достави доказ за стекнати знаења и вештини по однос на практиките и прописите за заштита на личните податоци издаден согласно одредбите на овој закон, при што не е дефинирано дали како доказ ќе се смета само сертификатот кој го издава Агенцијата или може да се користи  искуство од наведената материја кај  други правни лица кој го стекнал пред примена на овој закон во сила. Наведеното   мора да биде разјаснето  пред  да започне  да се применува Законот, поради тоа што би довел до проблеми при имплементација на чл.41 ст.5 од Законот,  и пред се кон прекршочни казни за инволвините страни.

 

- Исто така со зголемување на опфатот на законот и за лично име, презиме и локација непотребно се зголемува опфатот ако се има во предвид дека наведените податоци работодавачите мора да ги имаат во своите простории согласно позитивните прописи на нашата земја.

 

- Со наведените обврски согласно овој предлог на Закон се воведува обврска да правните лица имаат вработено лице кои единствена обврска би му  била да ја следи примената на Законот за заштита на личните податоци, поради тоа што обврските согласно законот се големи и би одземале значително време.

 

- Согласно член 36 каде е регулирана областа на безбедноста  на лични податоци се воведува можност за употребување на псевдонимизација, криптирање на податоците и процес на редовно тестирање/оценување и евелуација на ефективноста на техничките  и организационите мерки,  при што наведените мерки се очекува да создадат материјални издатоци кои повторно ќе паднат на грб на правните лица.

 

- Согласно Законот правните лица пред да  постават видео надзор задолжително мора да го достават соодветна докумантација до Агенцијата и само долколку добијат позитивно мислење може да се започе со видео назор. Дополнителен трошок за правните лица се воведува со член.88 ст.5 каде се воведуваат контролни налепници кои ги издава Агенцијата на трошок на правните лица со важност од 30 месеци. Сметам дека наведените налепници е потребно да бидат со поголемо време на важност се со цел да се намалат и така големите трошоци кои овој Закон им ги носи на правните лица.

 

На самиот крај би сакал да ги наведам  законските одредби од кои правните лица најмногу стравуват т.е прекршочните одредби, така да со предлог за Законот глобите се групирани во 3 групи и тоа прекршок од 1 категорија, прекршок од 2 категорија и прекршоци за видео  надзор. Казните по прекршоците од 1 и 2 категорија се определуваат според остварениот годишен приход  па за 1 категорија казната изнесува 2%, а за 2 категорија казната достигнува до 4 % од годишниот приход. Наведениот начин а одмерување на казните ќе делува репресивно кон правните лица и ќе зафати голем дел од нивните финансиски средства, сметам дека е потребно да се напушти овој начин да пресметување на казните и со разговор со претставниците на стопанските заедници да се пронајде начин колку што е можно помалку да се оптоваруваат со казни и така оптеретените правни лица. Исто така сметам дека рокот на застареност за поведување на прекршочна постапка е предолг и е препорачливо истиот да се намали од 3 години на 1 година.

 

Сметам  дека вака предвидениот предлог за Закон за лични податоци е потребно  со разговор со сите инволвирани страни да се направат измени, се со цел да се добие закон кој ќе може да се спроведе во пракса, но исто така закон кој нема да им донесе голем финансиски товар на инволвираните страни.

 

Анализа на предлог законско решение на адвокат Василиј Бержецки