ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, Г-ДИН БРАНКО АЗЕСКИ

ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, Г-ДИН БРАНКО АЗЕСКИ
БизнисРегулатива | 12.06.2018

Проследете го интервјуто со Претседателот на Стопанска комора на Македонија, г-дин Бранко Азески  во целост на следново видео:

 

 

Во ексклузивното интервју Претседателот на Стопанска комора на Македонија, г-дин Бранко Азески изјави:


„Тоа е прашање што континуирано во 400-то годишнината од егзистирањето од коморите постои и ќе постои понатака, и тука секогаш постои простор за унапредување на таа соработка. Она што мислам дека треба да го нагласиме е нашето искуство во изминатиот период и определени слабости коишто се јавија и коишто треба да бидат надминати. Заради тоа, службите во  Стопанската комора на Македонија направија една компаративна анализа со начинот на функционирање на Јавно приватниот дијалог во Република Австрија. Го земаме тоа како пример  затоа што Коморскиот систем во Австрија е еден од нај развиените а ние црпиме искуства од соработката со  Комората на Австрија.


Од она што ние го имаме тука на терен , кај нас, можам да кажам дека се работи за неколку иницијативи коишто треба да ги надминат проблемите коишто постојат. Прво е, законите сеуште се носат по постапка којашто не е предвидена во програмата на Владата. Доколку е тоа предвидено во годишната програма на Владата ние ќе знаме кога тоа ќе се случи и ќе бидеме припремени да реагираме. Али проблемот произлегува од фактот дека, Владата 50% од законите ги носи по скратена постапка и тоа создава многу сериозни проблеми, па можам да речам и празни простори во функционирањето на јавниот дијалог а тоа се е на грбот и против интересите на приватниот сектор.


Втората работа е тоа да биде предвидено во деловникот на Владата, да се почитува дека секое мислење, така е во Австрија, секое мислење односно секој  предлог на законски акт што ќе помине ќе биде проследен со мислење на надлежната Комора. Во Австрија тоа го прават директно асоцијациите во рамките на Комората. Ние тој модел го имаме веќе прифатено и можам да кажам дека во изминатите неколку години соработката на здруженијата во Комората директно со надлежните министерства дава позитивен ефект на тоа ниво на соработка за коешто тие се надлежни. За да се тоа направи, мислам дека треба доволно политичка волја,  доволно правна волја на претседателот на владата или тој да ја води седницата, дека нема да пропушти ставот на еден правен акт којшто нема соодветно мислење од соодветната асоцијација.


Третото прашање е системот на ЕНЕР којшто профункционира кај нас во 2007-2008 година. Ние имаме ситуација каде што тоа функционира меѓутоа нема рокови во кои надлежните органи на државата ќе го испорачаат и одговорат на тоа барање.  Значи тука имаме една правна празнина, којашто треба да се пополни. И втората е прашањето на подзаконската регулатива. Мислам дека на ЕНЕР- от треба да одат и подзаконските акти, бидејќи меѓу донесувањето на основните законски решенија и подзаконските акти имаме сериозни проблеми.


И на крајот тука доаѓа прашањето за работата на Парламентот. Ние таму нормално не можеме да бидеме вклучени зошто тие се народни избраници, меѓутоа почестото одржување на парламентот, на јавни седници, на трибини, на овие прашања коишто ќе дојдат на дневен ред на Собранието не се на одмет да дадат поткрепа на аргументите на бизнис заедницата и кога ќе ги предлагаат законските решенија и на сите други заинтересирани страни.


Во една реченица, ние имаме простор за надградување. Не дека тоа со тоа ќе се затвори и ќе функционира безгрешно затоа што тука е потребна и политичка волја и стручност и знаење, и упорност на субјектите, него затоа што и приликите се менуваат со текот на времето се отвораат нови перспективи, се отвораат нови алатки, нови методологии, така да тој процес ќе продолжи понатака . Ние активно ќе го следиме и ќе го третираме и како Комора ќе се залагаме да секогаш бидеме најблиску до можностите да се прикаже гласот на приватниот сектор таму каде што е потребно.“

 



Сподели