Ангел Димитров: Текстилците очекуваат потранспарентно спроведување на јавните набавки!

Ангел Димитров: Текстилците очекуваат потранспарентно спроведување на јавните набавки!
БизнисРегулатива | 03.03.2019


Очекување за поголема транспарентност во спроведување на јавните набавки во иднина, но и воздржаност во оценките дали новиот Закон за јавни набавки ќе ги надмине недостатоците на стариот искажа  Ангел Димитров, претседател на Здружението на тексилната индустрија при Стопанската комора и сопственик на модната конфекција Мода од Свети Николе. Тој апелира предност во јавните набавки да имаат компаниите кои навистина се занимаваат со производство на производите кои се предмет на набавката, а не човек-фирми кои потоа ги најмуваат како подизведувачи.



Бизнис Регулатива: Какво Ви е досегашното искуство како компанија со процесот на јавни набавки? Со какви ситуации/проблеми сте соочувале досега?


Досега ние не сме конкурирале на јавен тендер затоа што нај често се бараат поголем број на производи во еден тендер, а ние произведуваме само еден производ.


Бизнис Регулатива: Бизнис заедницата со години наназад имаше сериозни забелешки за нетранспарентност, нарушување на конкуренцијата и несоодветно трошење на парите од буџетот. Со кои проблеми при јавните набавки се соочуваа текстилците?


Најголем проблем за текстилците е што во минатото тендерите ги зeмаа компании кои воопшто не се производители туку човек-фирми. Тие ги земаа тендерите и потоа работата ја даваа на изведувачи во земјата или странство а дел од тие производи пак се произедуваа во наши компании како подизведувачи.


Бизнис Регулатива: Што според Вас е потребно за успешно спроведување на тендерите, какви механизми на контрола треба да се постават и да се обезбеди гарантирање на начелата на еднаквост и конкурентност во јавните набавки?

 

Најпрвин да се воспостави транспарентност. Потоа предност да имаат производителите, а не човек-фирми кои се регистрирани само за тој бизнис.


Бизнис Регулатива: Законот за јавни набавки на сила ќе стапи на 1 април годинава. Дали сте запознаени со новите законските решенија за јавните набавки и дали сметате дека со новиот Закон за јавни набавки ќе се надминат недостатоците и пропустите од минатото?

 

Можеби ќе се надминат некои недостатоци но главните проблеми ќе останат..


Бизнис Регулатива: Во процесот на носење на новиот Закон за јавни набавки беа одржани повеќе јавни дебати, преку стопанските комори беа дадени конкретни предлози и забелешки како и преку Проектот за подобра бизнис регулатива. Дали вашите барања беа послушани?

 

Да, некои наши забелешки дадени преку Стопанската комора беа земани предвид.

 

 



Сподели