Интервју Василеја Вугиаци: Balkan Heart ги подготвува младите за квалитетна иднина

БизнисРегулатива | 11.02.2019

Младинската организација United Societies of Balkan е одличен пример за соработка на регионално и европско ниво со што создава многу можности за младите луѓе, за подобрување на нивните вештини, знаења и поврзување. Неодамна ја формираа и Balkan Heart, организација со седиште во Солун која ја проширува оваа мисија. За искуството на Balkan Heart како и за методите на работа кои може да бидат пренесени и кај македонските организации, особено тие кои работат на интеграции во ЕУ, разговаравме со Василеја Вугаци.

 

БизнисРегулатива: Какво е искуството со работа со млади луѓе во Грција и каков е вашиот пристап за решавање на нивните проблеми?

 

Вугиаци: Ние организираме меѓународни програми за да им обезбедиме на младите луѓе подобра иднина, генерално не само во делот на вработување. На пример организираме семинари за мир, за граѓански активизам, за добро однесување како жител на ЕУ, како да ги третирате луѓето на правилен начин.

 

БизнисРегулатива: Каква е поврзаноста со регионалните младински организации, на пример со тие од Македонија и другите земји. Постои ли квалитетно поврзување меѓу младите и искуства од кои може да научат нешто повеќе?

 

Вугиаци: Станува збор за невладина институција и неодамна, USB која е основана во 2008 година во Солун, го креиравме Balkan Heart, место за креативност и култура и тука ги поддржуваме сите активности. Пример кај нас може да се посетуваат семинари за млади луѓе да ги зголемат своите вештини за странски јазици, лидерски вештини, вештини за дигитални алатки, потоа како младите да се подготват за интервју за работа во странство или за постдипломски студии во странство. Планираме да ги продолжиме овие семинари и во иднина и да ги надградиме со повеќе алатки кои ќе им бидат од корист на младите.

 

БизнисРегулатива: Како овие мерки може да се комбинираат со приватниот сектор и како истите подобро да ги имплементираат во нивните активности, односно да научат нешто за подобри пракси?

 

Вугиаци: Balkan Heart беше создадена во октомври и се уште е „бебе“. Сакаме да им да им помогнеме на младите кои преку сертификати ќе можат директно во компаниите и да понудат еден вид на гаранција за стекнатите вештини, на пример сертификат за WordPress вештини, по што компаниите ќе имаат претстава за способностите на кандидатот.

 

Автор: Христијан Станоевиќ