За колку пораснал македонскиот извоз во 2018?

БизнисРегулатива | 05.02.2019

 Во периодот јануари − декември 2018 година, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија изнесува 360 505 356 илјади денари и бележи пораст од 16.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари − декември 2018 година изнесува 471 904 422 илјади денари, што е за 12.3 % повеќе во споредба со истиот период од 

претходната година. 

 

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 111 399 067 илјади денари. 

 

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 76.4 %. 

 

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со 
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или 
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи 
го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот 
се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата 
добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, 
неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик 
на прав. 

 

Во периодот јануари − декември 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република 
Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

 

Обем на размената, 01-12 2018 Покриеност на увозот со извоз
832 409 778 илјади денари 76.4 %
13 532 772 илјади евра 76.4 %
15 960 192 илјади САД долари 76.3 %

 

 

Стоковна размена изразена во евра и во американски долари 

 

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари − декември 
2018 година, изнесува 5 860 827 илјади евра и бележи пораст од 17.0 % во однос на истиот период од претходната 
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 671 946 илјади евра, што е за 12.4 % повеќе 
во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 
година, изнесува 1 811 119 илјади евра. 

 

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари − декември 2018 година, 
изнесува 6 907 998 илјади американски долари и бележи пораст од 21.8 % во однос на истиот период од претходната година. 
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 052 195 илјади американски долари, што е за 17.3 % повеќе во 
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 година, 
изнесува 2 144 197 илјади американски долари.