Кои се главни пречки за младите да водат бизнис во Македонија?

БизнисРегулатива | 31.01.2019

Каков е амбиентот за младите во Македонија за водење на бизнис, учествувајте во истражувањето и дадете го вашиот придонес во анкетата чија цел има да постави јасни периметри за објективните пречки за младите луѓе во нашата земја.

 

Штом се утврдат и детектираат состојбите многу полесно ќе може да се креираат соодветни политики и да се најдат правилни решенија. Македонија се соочува со висока невработеност меѓу младата популација, па освен недостигот на атрактивни работни места, придонес има и недоволното посветување можности за младите претприемачи.

 

Преку оваа анкета ќе биде утврдено дали државните програми и проекти кои нудат поддршка за претприемништво се лесно достапни за младите, дали се корисни и соодветни и може ли преку нив навистина да се започне со здрав бизнис план и структура?

 

Имаат ли младите во Македонија на располагање доволно информации како да започнат и да водат бизнис, од што тие најмногу стравуваат, дали се тоа недоволно финансиски средства на располагање, лошата политичката состојба, општествените норми, образовниот систем...

 

За успешен бизнис потребни се професионални институции кои ќе бидат сервис на претприемачите, но при евентуални проблеми на која институција младите најмногу и веруваат дека може да им помогне.

 

Исто така преку прашалникот ќе треба да се утврди кои се предностите и дали ги има во Македонија, колку од младите планираат да отворат бизнис и во која област сметаат дека има најголема перспектива.

 

Затоа пополнети ги прашањата од анкетата, со тоа што вашите лични податоци ќе останат анонимни, а во истражувањето ќе се користат само одговорите за актуелните состојби. Истражувањето го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал Скопје.

 

Анкетата може да ја пополните на следниот линк.