Мукаетова: Листите за проверка на усогласеност се потребни за да не се лута низ правните лавиринти

БизнисРегулатива | 31.01.2019

Имајќи  во предвид  дека ММСП се рбетниот столб на нашата економија со повеќе од 70% застапеност на пазарот нивната стабилност и поволна пазарна позиција се предуслов за добра бизнис клима. Нашата улога како консултанти е постојано да се работи на подигање на свеста на ММСП за усогласување со правната регулатива преку постојано информирање и укажување на потребата од истата.

 

Од нашето досегашно искуство сме забележале дека компаниите не се во состојба да ги следат постојано законските измени каде што во текот на една година има преку стотици измени како и не секогаш се во можност да си дозоволат да ангажираат консултанти или адвокати.

 

Овој инструмент преку овие олеснителни алатки за проверка на усогласноста на ММСП со постојаната правна регулатива е од исклучителна важност за компаниите, а со тоа ја олеснуваат и нашата работа како консултанти. Можноста што ја имаат преку овие алатки да проверуваат бесплатно и анонимно дали се усогласени со постоечката правна регулатива, ќе им помогне сами да увидат дека консултантите или адвокатите кога им укажуваат на потребата од истата не сакаат намерно да ги инволвираат во постапка, како и дека трошоците што ќе настанат при усогласувањењето ќе бидат многу помали  во однос на казните што би ги платителе поради неусогласеност.

 

Ваков начин на проверка беше повеќе од потребен од причина што до сега не постоеше ниту еден инструмент преку кој компаниите би можеле во секое време бесплатно и анонимно сами да направи проверка без да лутаат низ правните лавиринти.

 

Како консултанти што постојано се на терен и работат со ваква проблематика многу добро ни се познати проблемите со кои  се соочуваат сами компании и сметатаме дека со овие алатки компаниите ќе  можат да имаат една појасна слика за себе, а ние ќе бидеме секогаш тука да им ја пружаме потребната правна поддршка.

 

Консалтинг Интер Груп како консултантска компанија специјализирана за деловно право и правен консалтинг,  долги години на пазарот работи со пружање на постојана правна  поддршка на микро, малите и средните претпријатија.

 

Автор: Пенка Мукаетова