Сојуз на стопански комори на Македонија


Настани

Информација за Руска забрана на увоз на стоки од Украина 23.01.2019


Повеќе ...

Во тек втор уписен рок на „ Правен факултет „Јустинијан Први“ 22.01.2019


Повеќе ...

Бизнис форум – Добрите меѓудржавни односи се позитивни и за економијата 17.01.2019


Повеќе ...

Прегледај ги сите Настани

Публикации

Оглас за национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2018 година 14.06.2018


Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерство за економија, Ве информира дека денес е објавен конкурсот за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2018 година, реализирани во периодот од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018 година. Рокот за аплицирање за наградата е до 3-ти септември 2018 година.

Повеќе ...

Претседателот на Сојузот Данела Арсовска гостува на 24 Отворено 13.06.2018


За македонската економија по првиот квартал од 2018 година, дебата на Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија Данела Арсовска со Вице Премиерот Кочо Анѓушев, потпретседателот на ВМРО Митко Јанчев и Бранко Азески од СКМ со Младен Чадиковски уредник 24 Отворено

Повеќе ...

Каталог на бизнис поддршка и услуги во Република Македонија 12.04.2018


Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со ИМЕ програмата за зголемување на пазарната вработливост го промовираа новото издание на:

КАТАЛОГ НА БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕГЛЕД НА СИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА
ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ
 

Во каталогот се содржани преглед на сите производи и услуги наменети за поддршка на компаниите поделени во 3 категории:

Понуда од Владини институции и програми за поддршка

Понуда од Банки, Штедилници и други кредитни институции

Бизнис поддршка и услуги обезбедени од граѓанскиот и приватниот сектор

Подготовката на ваков каталог каде што се сублимирани сите достапни инструменти за бизнис поддршка и финансирање на компаниите претставува одлична алатка преку која секоја компанија ќе може полесно да ја препознае потенцијалната програмата заедно со условите за користење кои се погодни за нејзиниот бизнис.

Линк за превземање на каталогот

Повеќе ...

Прегледај ги сите публикации

Сојуз на стопански комори на Македонија

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како унија од 33 стопански комори организации и здруженија, е најголемата независна деловна организација во Република Македонија која ги промовира и застапува интересите на компаниите и ги поврзува со над 1000 национални, регионални и интернационални институции и организации. Со својата комплексна организација Сојузот е најголем претставник на бизнис заедницата кој е во чекор со модерните достигнувања во деловниот свет и континуирано активно придонесува во развојот на компаниите и националната економија.


Повеќе од 23.000 компании организирани во Сојузот на стопански комори на Македонија, кои се успешни во својата дејност, со конструктивни предлози, придонесуваат за подобрување на бизнис амбиентот во земјата.

 

Сојузот овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети,  помага во пронаоѓањето на деловни партнери,  известува за домашни и меѓународни тендери,овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање. Делувајќи во рамки на секторските комори, компаниите влијаат на промена на регулативата, а коморските контакти се поддршка во контактите со државните институции, како и добра препорака во активностите за јавни набавки, во Република Македонија или интернационално.


ССК ги познава условите за соработка и бизнис насите странски пазари и вмрежена е со економски асоцијации и институции ширум светот.

 

На Вашиот пат кон успехот ќе се соочите со многу предизвици затоа што тоа е составен дел на деловното работење. Во сите овие ситуации, не двоумете се да ни се обратите,преку Вашата секторска комора или координатор.


Сојуз на стопански Комори на Македонија е Ваш партнер во бизнисот и вработените на Комората се достапни за сите потребни бизнис информации и услуги.

Сојуз на стопански комори на Македонија е институција која ги застапува интересите на сите стопански субјекти членови на комората.


Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, разбирливи се заложбите на ССК за развој и поддршка на малите и средни претпријатија.  Развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото доби своја афирмација во македонското стопанство не само како средство за негување и унапредување на претприемнички дух, туку и за поттикнување на свеста во насока на конзистентната потреба од промени и реформи на економската сцена, како еден од главните приоритети на ССК.