МАСИТ - Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии


Настани

Работен состанок со министерот Алиу за сајбер безбедност

Работен состанок со министерот Алиу за сајбер безбедност 20.03.2023


На иницијатива на МАСИТ, на 16.03.2023 се одржа работен состанок со министерот за информатичко општество и администрација г-дин Азир Алиу, на кој присуствуваа компании членки на МАСИТ, останати компании  и […] The post Работен состанок со министерот Алиу за сајбер безбедност appeared first on Masit.
Повеќе ...

17-то Годишно Собрание на МАСИТ

17-то Годишно Собрание на МАСИТ 27.02.2023


Почитувани членови на МАСИТ, Ве покануваме да присуствувате и да земете активно учество на 17–то Годишно Собрание на МАСИТ кое ќе се одржи на 24.03.2023 (петок), од 12:00 часот, во […] The post 17-то Годишно Собрание на МАСИТ appeared first on Masit.
Повеќе ...

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА 15.12.2022


13.12.2022 На 13ти декември 2022 се одржа настанот на МАСИТ на кој се зборуваше на темата дигитализација и како таа делува и помага во време на актуелната криза. Беа презентирани […] The post ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА appeared first on Masit.
Повеќе ...

Прегледај ги сите Новости

Идни настани

МАСИТ E-информатор мај - јули 2018

МАСИТ E-информатор мај - јули 2018 01.08.2018


 Погледнете ги сите активности во рамки на работењето на МАСИТ во периодот од мај до јули 2918 година.

Повеќе ...

Повик за учество во истражување во рамки на GIVE проект

Повик за учество во истражување во рамки на GIVE проект 23.03.2018


 Во рамки на проектот се спроведува прашалник кој е наменет за компаниите од ИКТ индустријата, автомобилската индустрија и обновлива енергија.

Повеќе ...

ИНТЕРВЈУА СО ВРАБОТЕНИ ВО КОМПАНИЈАТА УНЕТ

ИНТЕРВЈУА СО ВРАБОТЕНИ ВО КОМПАНИЈАТА УНЕТ 14.02.2018


Ви пренесуваме успешна приказна во рамки на Проектот, односно се работи за кандидатот Христина Јосифоска која максимално ги искористи стекнатите вештини и знаење од обуката. Таа успешно ја помина практичната работа во компанијата Унет и ја продолжи својата кариера со нова професија во ИТ светот.

Повеќе ...

Прегледај ги сите настани

МАСИТ - Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии

 Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) е волонтерска, непрофитна институција. Комората беше основана како асоцијација, во 2000 година, на иницијатива од најдобрите 15 македонски ИКТ компании како дел од Стопанската комора на Македонија. Во Април 2007, на Годишното собрание на МАСИТ беше усвоена правната трансформација на МАСИТ од Асоциација стана Комора.

Денес МАСИТ е гласот на Македонската ИКТ индустрија. Комората претставува компании од сите ИКТ сектори вклучувајки: софтверски компании и компании за ИТ услуги, хардвер компании и дистрибутери, кериер и други телеком компании, како и тренинг провајдери и ИКТ консултантски компании.

Сите активности и иницијативи на МАСИТ се остваруваат преку работата на работни групи каде сите членови можат да учествуваат со нивни сопствени иницијативи, и да ги искажат своите потреби и проблеми. МАСИТ завзема учество на настани поврзани со ИКТ индустријата, исто и учестува во промоција на достигнувањата на членовите во областа на развојот на софтвер и ИТ услуги. Претставниците на МАСИТ учествуваат во дефинирањет на регулаторната рамка и помагаат во дефинирањето на националните ИТ стандарди. МАСИТ преку различни јавно-приватни партнарства го помага развојот на ИКТ.

Тела на МАСИТ се Управен одборНадзорeн одбор и Суд на честа. Во составот на МАСИТ постои и Извршна канцеларија каде работат професионалци и кои се одговорни за сите активности на Комората.

Статутот на МАСИТ исто така дефинира и Совет на ИКТ експерти. Советот го сочинуваат индивидуалци, професионалци на полето на ИКТ кои работат во Академија, Владини и финансиски институции и организации.

МАСИТ соработува регионално и интернационално со други корперации и асоцјиации. Региoнално МАСИТ соработува со сите ИКТ Асоцијации од регионот на ЈИЕ (Југо-Источна Европа), и е член на Balcan and Black Sea Cluster Network. Интернационално МАСИТ стана членка на World Information Technology and Services Alliance - WITSA (www.witsa.org) во Мај 2005. А од Јануари 2009 МАСИТ стана член на European Information Technology Observatory - EITO (www.eito.com).МАСИТ има одлична соработка со донорските организации USAID и GTZ.

 

ВИЗИЈА:
МАСИТ да овозможи раст на македонскиот ИКТ бизнис, негова препознатливост и имиџ како во земјата така и во странство, како и унапредување на македонската економија и просперитет со посилна, поорганизирана и прогресивна ИКТ индустрија.


МИСИЈА:
МАСИТ е гласот и ресурсот на конкурентниот ИКТ сектор, поддршка на економијата базирана на иновации и клучен фактор за просперитет на нацијата.


ЦЕЛИ:
Следните цели се воспоставени за да се постигнат наведените визија и мисија, да се задоволат потребите и интересите на компаниите членки како и да се проши членство во МАСИТ:

Јавен дијалог - да се зајакне препознатливоста на МАСИТ и неговата улога во развојот на ИКТ законодавството, политиките и правилата на пазарот преку заштита и застапување на интересите на ИКТ бизнис заедницата.

Конкурентност - да се зголеми конкурентноста на членовите преку градење на капацитети, поттикнување на иновациите, доживотно учење, како и сертификација на компании и квалификација на човечки ресурси.

Соработка и вмрежување – да ја поддржи соработката и вмрежувањето на ИКТ компаниите во земјата, регионално и на меѓународно ниво преку настани, проекти, партнерства, конкурси, признанија и награди. Да се изгради и да се зајакне мрежата на МАСИТ со препознаени организации во насока на подобрување на брендот на Македонската ИКТ индустрија, нејзината препознатливост, имиџот и репутацијата.

Извозни капацитети – да го поддржи извозот преку подобрување и промоција на извозните политики; меѓународно брендирање и позиционирање; промовирање на кластери и соработка; зајакнување на извозни способности и знаења; поттикнување на квалитетот и извонредноста на компанијата со крајна цел да се воспостави Македонија како препознатлив бренд за специјализирани, високо квалитетни аутсорсинг услуги и софтверски производи.

Одржливост - постојано да ги подобрува своите финансиски и организациски операции и да се воспостави МАСИТ како признаена и професионална организација, преку иновативно, ефективно и ефикасно управување и лидерство со цел да ја исполни својата визија и мисија.

Сподели