Претседателот на Туристичко угоститилската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Аркан Керим, потпиша меморандум за соработка со претседателот на Националниот патронат за туристички агенции во Романија Адриан Станчулеску. На настанот присуствуваше амбасадорот на Романија во Република Македонија, г. Виорел Станила кој даде поддршка на зацврстување на соработата во полето на туризмот меѓу двете земји. Целта на меморандумот е поддршка и промовирање на деловното опкружување во областа на туризмот, како во Романија, така и во Република Македонија, размена на информации во областа на туризмот, зголемување на протокот на туристи и туристичките понуди, како и можности за искористување на заеднички европски фондови поврзани со туризмот, преку развивање специфични услуги и привлекување директни инвестиции.
Денес во рамки на проектот “Воспоставување дијалог за Регионалната инвестициска агенда меѓу владините институции, приватниот сектор и граѓанските организации (“Invigorating Policy Dialogue on RIRA-Regional Investment Reform Agenda)”, кој го спроведува Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Сојуз на стопански комори на Македонија, се одржа Отворен ден за Регионална инвестициска агенда за Западен балкан.
Цел на настанот е да се интегрираат институциите, бизнис заедницата и невладиниот сектор во инвестиционите процеси и да се информираат за Регионалната инвестициска агенда (РИРА Агенда) како и да се разменат искуства и во отворена дискусија се идентификуваат предлози за унапредување на инвестициската политика и се обезбеди поддршка на сите засегнати страни во процесот.
Четирите стопански комори во државава испратија официјален допис до Министерството за финансии со што го поздравија одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување.
– Доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов би имало негативни последици врз целата бизнис заедница, покажа неодамнешното истражувањето на 546 домашни претпријатија што го спроведоа Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.
Новиот Предлог закон за практиканство, со кој во правни рамки се става оваа дејност и преку кој се дефинираат правата и обврските на практикантите - лица од 15 до 29 години, како и на компаниите кои имаат потреба од ваков вид на кадар. Претседателот на ИКТ комората при ССК, Саша Огненовски, зеде активно учество на состанокот.
Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, потенцираше дека со овој закон, кој за првпат се воведува во правната регулатива на Република Македонија, се пополнува една празнина и на одреден начин се решава јазот помеѓу знаењата и вештините и понудата и побарувачката на пазарот на трудот.
Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) ,Александар Зарков, оствари средба со амбасадорот на Исламската Република Иран Н.Е Хусеин Карими.
На средбата беа искажани потенцијалите за унапредување на економските релации меѓу двете земји во насока на зголемување на трговската размена и креирање можности за воспоставување директни бизнис релации помеѓу компаниите на двете држави.