ССК: Градежниот сектор ја зајакнува соработката со локалната власт

ССК: Градежниот сектор ја зајакнува соработката со локалната власт 28.06.2018

Градежната комора на Македонија започна иницијатива за соработка со општините во централното градско подрачје и остварување на средби со градоначалници и општинска администрација во насока на јакнење на соработката со локалната власт. Денес, Претседателот на Градежната комора на Македонија, г. Ивица Јаќимовски оствари средба со градоначалникот на општина Карпош, г. Стефан Богоев и градоначалникот на општина Аеродром, г. Златко Марин. Целта е претставување на стратешките цели на Градежната комора и дискусија за можностите за соработка во спроведување на деталните урбанистички планови во надлежност на општината кои ќе придонесат кон создавање на услови за квалитетна локална инфраструктура и услуги.

Од страна на членовите на Градежна комора беше истакнато дека остварување на работни средби со локалната власт е од одобено значење за воспоставување квалитетен јавно приватен дијалог чија цел е долгорочни позитивни ефекти преку давање квалитетни општински услуги и создавање инфраструктура за граѓаните, а од друга страна позитивни услови за водење на бизнис на компаниите кои несомнено придонесуваат кон локален развој на опттината. Преку дијалог и учество на градежните компании во постапката за донесување на детални урбанистички планови, заеднички ќе придонесеме кон воспоставување на планска и организирана инфраструктура која ќе значи поттик за остварување на планирани инвестиции не само за градежните компании, туку и за над 26 други стопански гранки директно поврзани со градежништвото. Во оваа насока, воведување на т.н. брз шалтер е од исклучителна важност и истиот несомнено ќе придонесе за ефикасна реализација на инвестиците на градежните компании, а на долг рок економски развој на општините.

Градежната комора активно работи на подобрување на состојбата во секторот градежништво и во таа насока соработката со општините е особено важна бидејќи локалната власт има надлежност за издавање на градежни дозволи, носење на планска документација и создавање на услови за модерна урбанистичка средина.

Локалните инвестиции се значајни за долгорочен раст на една општина. Сметаме дека  со соработка со општинската администрација, потребно е да се унапредат условите за водење на бизнис и се обезбеди правна сигурност, реализацијата на инвестициите ќе обезбеди квалитет и воспостави критериуми за спроведување на организирана и модерна градба во согласност со потребите на граѓаните и условите на самата општина. Потребно е сите страни во овој процес да соработуваат со цел да допринесеме за создавање на тренд за изградба на модерни општини и ефикасна соработка со локалната власт.

Претседателот на Градежната комора на Македонија  напомена дека за градежништвото е од особено значeње постоење на квалитетна и професионална администрација која своето работење го насочува кон обезбедување на локалните услуги за граѓаните, но и бизнис заедницата во општината преку запазување на предвидени законски рокови за изградба како и стратешко и долгорочно планирање на идни градби.

Повеќе ...

ССК: Новата ЕУ регулатива за заштита на личните податоци предизвик за македонските компании

ССК: Новата ЕУ регулатива за заштита на личните податоци предизвик за македонските компании 29.06.2018

Современите глобални трендови на дигитализацијата влијаат врз механизмот за заштита на личните податоци. Глобализацијата и дигитализацијата резултираат со сè поголемо вмрежено општество, брзо ширење на информациите преку интернет, обемна анализа на податоци, дигитална економија, „smart living“ – паметно живеење, бази на податоци кои се поврзани меѓу себе итн. Сето тоа резултира со зголемување на меѓународниот проток на податоци, дури и од лична природа, па така се создава потреба за современ и софистициран начин на заштита на личните податоци. Во таа насока, на 27 април 2016 година Европскиот парламент и Советот на ЕУ ја донесоа Општата регулатива за заштита на лични податоци ((ЕУ) 2016/679), за заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци и движењето на таквите податоци, со примена од 25 мај 2018 година.

„Со влегување во сила на оваа регулатива, отпочна процесот на имплементација на одредбите со кои детално и унифицирано се регулира функцијата Офицер за заштита на личните податоци (ОЗЛП). Тоа ќе ја зајакне заштитата на податоците за сите поединци во ЕУ, без оглед каде се наоѓаат податоците. ГДПР поставува повисоки стандарди за заштита од досегашната легислативна регулација на истото прашање. Мора прецизно да се утврди идентитетот на  контролорот, како и третата страна која ќе биде вклучена во процесот на обработка на личните податоци, потоа, зошто се потребни тие податоци и што се планира да се прави со истите. Регулативата  е правно обврзувачка и директно применлива за сите земји членки на ЕУ. Иако Република Македонија не е членка (со статус на кандидат од 2006 година), основен интерес на земјата е да го усогласи националното законодавство со горенаведеното законодавство на ЕУ. Во таа насока, е изработен и нов предлог Закон за заштита на личните податоци“, изјави Михајло Евросимовски, член на Управниот одбор на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Тој истакна и дека најважните новини кои произлегуваат од GDPR (релевантни и за Република Македонија) се ревидираниот пренос на лични податоци во земји надвор од ЕУ; нови права на субјектите на личните податоци и нови методологии за обезбедување усогласеност; зголемување на улогата и одговорноста на надзорните тела и слични мерки.

„Јавните власти и деловните субјекти чии основни активности се насочени кон редовна или систематска обработка на лични податоци, се должни да вработуваат Службеник за заштита на податоци (DPO-Data Protection Officer), кој е одговорен за управување со усогласеноста со GDPR. Деловните субјекти мора да пријават какви било прекршувања на податоците во рок од 72 часа ако имаат негативен ефект врз приватноста на корисникот. Неизвестувањето за прекршување во рамките на времето може да резултира со парична казна до 10 милиони евра или 2% од годишниот промет. Непочитувањето на ГДПР резултира со административни парични казни до 20 000 000 евра или до 4% од вкупниот годишен промет од претходната финансиска година”, изјави Евросимовски.

Заштитата на личните податоци се поставува високо на агендата во Европската Унија и во таа насока се гради тренд на зголемена заштита која и Република Македонија ќе ја воведе со новиот Закон за заштита на личните податоци.

Повеќе ...

Арсовска: Учество на засегнатите страни во интегративните процеси да не биде само формално

Арсовска: Учество на засегнатите страни во интегративните процеси да не биде само формално 17.07.2018

 Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска во своето обраќање во рамки на третата седница на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија, на која воведно обраќње имаше Јоханес Хан, Kомесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија истакна  дека клучно е учеството на релевантните засегнати страни за севкупен напредок во процесот на мониторинг кој води кон интеграција во Европската Унија.

Повеќе ...

ССК: Странски инвестиции со фокус на заеднички вложувања

ССК: Странски инвестиции со фокус на заеднички вложувања 18.07.2018

 Подобрување на деловниот амбиент преку интензивирање на соработката на домашни и странски инвеститори во земјата, со посебен акцент на важноста од влез на компании кои користат повисоки технологии со оглед на лимитираните можности и ресурси на малите и средни претпријатија за вложување во истражување и развој, како и квалификувана работна сила која ќе одговори на потребите на пазарот на труд се темите на кои дискутираа потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Александар Милошевски и членовите на Управниот одбор со Зорица Апостолска, министер за странски инвестиции во Владата на Република Македонија.

Повеќе ...

ССК: Правната сигурност неопходна за градежните инвеститорите

ССК: Правната сигурност неопходна за градежните инвеститорите 19.07.2018

Да не се укинуваат веќе донесените детални урбанистички планови (ДУП), бидејќи на тој начин се доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите во градежниот сектор кои трпат големи финансиски штети. Дополнително, самиот процес на прекин на градба значи финански товар и за останатите 26 гранки поврзани со градежништвото,  граѓаните кои одлучиле да инвестираа во стан,  за самите општини и државата, велат од Градежната комора на Македонија, на прес конференцијата по одржаниот Управен одбор предовден од претседателот Ивица Јаќимовски.

Повеќе ...