ССК: Регионална заедничка понуда ќе биде конкурентна на големите пазари

ССК: Регионална заедничка понуда ќе биде конкурентна на големите пазари 31.05.2018

Зголемување на трговската размена меѓу Франција и земјите од регионот, искористување на потенцијалите за заедничка соработка, промоција на трговијата, со посебен акцент на воспоставување на конкретни соработки во областа на земјоделството, ИКТ, инфраструктура и енергетскиот сектор како и обновливи извори на енергија е главниот фокус на Бизнис форумот: Франција – Балкан 2018“ во организација на  „Бизнис Франција“, агенција на Владата на Франција.

Повеќе ...

ССК: Со капитал на ангел инвеститори до јакнење на домашното стопанство

ССК: Со капитал на ангел инвеститори до јакнење на домашното стопанство 07.06.2018

Во Република Македонија има недостиг од комерцијални форми за подшка на компаниите особено малите и средни претпријатија, како и стартап бизнисите, токму затоа по примерот на земјите со конкурентни економии потребен е влез на ангел инвеститори кои финансиски  ќе ги поддржат македонските компании, ќе ги зајакнат, а со тоа и домашното стопанство. Во услови кога тешко се стига до поволни кредити за бизнисите во почетен развој, бизнис ангелите имаат значајна улога во процесот на развој на компаниите бидејќи освен капитал, нудат и експертиза, а за возврат добиваат удел во бизнисот, беше истакнато на денешниот Форум 2018 - Потенцијал на регулатива за ангел инвеститори во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), под покровителство на Кабинетот на Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима, Влада на Република Македонија.

Повеќе ...

ССК: Градежниот сектор го поздравува продолжувањето на мерката 5 % ДДВ

ССК: Градежниот сектор го поздравува продолжувањето на мерката 5 % ДДВ 08.06.2018

Градежната комора на Македонија, по повеќе месечни апели за продолжување на мерката за 5 % ДДВ за продажба на станбен простор, ја поздравува донесената одлука за предвидените законски измени на Министерството за финансии на Република Македонија, со кои се продолжува рокот за оваа мерка заклучно до 2023 година. Оваа законска измена е од особено значење за приватниот сектор и сите граѓани на Република Македонија.

Повеќе ...

ССК: Реформaта на инспекциските служби значајна за работата на компаниите

ССК: Реформaта на инспекциските служби значајна за работата на компаниите 14.06.2018

Да се воспостави систем на работа на инспекциските служби со точно утврдени акти поделени по сектори која документација е потребно да ја поседуваат компаниите, како би се овозможил простор за саморегулација за да се превенираат репресивни мерки и казнувања, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Повеќе ...

ССК: Еднаков третман за јавното и приватното здравство

ССК: Еднаков третман за јавното и приватното здравство 26.06.2018

Еднаков третман при инвестирање во јавните и приватните здравствени установи (ПЗУ) кои се дел од здравствената мрежа и имаат склучени договори со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).  Можност за вклучување на приватни здравствени установи кои немаат договор со ФЗО во економските програми за финансиска поддршка, како и потреба од понепосредна и подинамична имплементација на проектот „Учиме од бизнис заедницата“, се дел од мерките кои ќе го подобрат работењето на приватните здравствени установи во земјава, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Доктор Борислав Јосифовски, член на Управен одбор и претставник на приватните здравствени установи во Сојузот, посочи дека во консултација со членовите на Групацијата на приватно здравство, поздравувајќи го реформскиот курс на Владата на Република Македонија и иницијативата за еднакви можности ја користиме приликата за ревизија на постоечките решенија и пракси.  Во насока на  зголемување на квалитетот на здравствените услуги  потребно е покрај останатите сектори да се поддржи и развојот на приватното здравство во Република Македонија.

„Според постоечката состојба во здраствената мрежа на Република Македонија изготвена од Министерството за здравство во моментов над 70% од вкупниот број на здраствени установи се ПЗУ, кои се разликуваат од јавниот сектор (ЈЗУ) исклучиво по сопственоста  која е приватна за разлика од јавниот сектор каде основач е Владата на Република Македонија,  но во извршување на својата дејност и двата сектори доколку се потписници на договори со ФЗО обавуваат јавни функции за граѓаните. И покрај тоа што ПЗУ и ЈЗУ се еднакви пред законот,  сепак досегашното искуство за кое и јавноста е сведок говори дека инвестициите во здраството во изминатите 25 години , а кои се на терет на буџетот на Република Македонија или ФЗО се исклучиво наменети за јавниот сектор“, изјави Јосифовски.

Дополнително тој додаде дека потребно е сериозно да се разгледа можноста за вклучување на приватни здравствени установи кои немаат договор со ФЗО во економските програми за финансиска поддршка.

„Во понудениот план за економски раст не е опфатен здравствениот сектор кој како и останатите стопански гранки генерира средства во буџетот. Треба да бидат препознаени и вклучени во мерките  на Планот за економски раст и здраствените установи во кои доминантно се даваат услуги на странски државјани, што би  значело поттик во имплементацијата на нови медицински доктрини и технологии како и во подигањето на нивото на здраствени услуги и на домашен план“, изјави Јосифовски.          

За подобрување на комуникацијата и реализација на одредени проблематики, Јосифовски ја истакна важноста од понепосредна и  подинамична соработка на ПЗУ со ресорните владини институии кое веќе постои во рамките на проектот „Учиме од бизнис заедницата.

„Целта е  да се утврди веродостојноста на понудените Закони и подзаконски акти со можност да се валоризираат  веќе постоечките понудени рершенија  и да со измени и доплнувања успешно се отстранат одредени недоречености кои во секојдневната пракса прават недоразбирања помеѓу чинителите: јавните службеници
(преставници на министерства и инспектори), давателите на услуги и корисници на услугите“, рече Јосифовски.

Повеќе ...