Одржана Инфо Сесија: Инструментите за поддршка - кофинансирани грантови во рамки на 3-тиот столб на Планот за економски раст

Одржана Инфо Сесија: Инструментите за поддршка - кофинансирани грантови во рамки на 3-тиот столб на Планот за економски раст 10.05.2018

 Во насока на Ваша информираност и пристап до финансии за реализација на инвестициони проекти, Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој организираше Инфо сесија за отворениот јавен повик за поднесување на предлог проекти во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија. 

Повеќе ...

ССК дел од Националниот совет за женско претприемништво

ССК дел од Националниот совет за женско претприемништво 11.05.2018

 Во рамки на проектот “Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика - WE-Contribute” денес во просториите на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување се одржа првиот состанок на Националниот совет за женско претприемништво.

Станува збор за прв и единствен национален совет за женско претприемништво кој делува на национално ниво и ги обединува активните актери на граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции и организации кои дејствуваат за унапредување на женското претприемништво.

Повеќе ...

Одржана презентација за можностите за финансирање од фондот Сеаф Македонија

Одржана презентација за можностите за финансирање од фондот Сеаф Македонија 15.05.2018

 Денес во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија беше одржана презентација за компаниите членови на тема „Можности за финансирање на инвестиции од фондот СЕАФ”.

Присутните компании имаа можност да се запознаат со активностите на СЕАФ во Македонија, како и да се информираат за можностите за финансирање на инвестициони проекти.

Повеќе ...

Арсовска го отвара форумот економски сегмент на Самитот ЕУ Западен Балкан

Арсовска го отвара форумот економски сегмент на Самитот ЕУ Западен Балкан 17.05.2018

 Софија, Бугарија – Во рамки на економскиот форум на Самитот ЕУ – Западен Балкан Софија 2018, на тема „Помеѓу политиката и економијата“, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска има свое обраќање за спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската Унија, со што и официјално започнува економскиот сегмент на Самитот.

Арсовска заедно со министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, претседателот на Винескиот економски форум, Гунтер Рабенштајнер, претседателот на Сојузот на економисти на Србија, Александар Влаховиќ, основачот и претседател на  Дефли економски форум, Симеон Цомокс и директорот на Агенцијата за странски инвестиции на БиХ,  Гордан Милинич  ќе дискутираат  за важноста на економскиот развој и  иднината на Западен Балкан.

Повеќе ...

Арсовска од самитот во Софија: Обединет регионален пазар е наша иднина

Арсовска од самитот во Софија: Обединет регионален пазар е наша иднина 18.05.2018

Спроведување на економските реформи за привлекување инвестиции, поддршка за проекти кои ќе ја подобрат транспортната и енергетската инфраструктура, можности за зголемување на средствата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан, обединување на земјите од регионот, поголема соработка меѓу владите и стопанствениците како и заеднички инвестиции во функција на раст и стабилност е фокусот на економскит сегмент на Самитот ЕУ Западен Балкан Софија 2018,  рече претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска која во своето обраќање нa отворањето на Виенскиот економски форум вчера вечер ја истакна важноста од спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската Унија. Економскиот форум продолжува и денес со учество на премиерите на државите од Западен Балкан.

Повеќе ...