Стратешко планирање за стабилен градежен сектор

Стратешко планирање за стабилен градежен сектор 30.03.2018

 

Претседателот на  Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Ивица Јаќимовски и компании членови на настанот на тема:

„Стратешко планирање за стабилен градежен сектор“ со министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Горан Сугарески дискутираа за можностите за стимулирање и развој на компаниите во секторот, актуелната состојба, законската регулатива, како и за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

 

Повеќе ...

Малите и средни претпријатија имаат потреба од финансиска поддршка

Малите и средни претпријатија имаат потреба од финансиска поддршка 05.04.2018

Како до квалитетни апликации за поголема искористеност на средствата од Фондот за иновации и технолошки развој беше темата на настанот кој Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го организира за компаниите членови во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).  

Пред присутните компании, директорот на Фондот г. Јован Деспотовски детално ќе ги претстави мерките од Планот за економски раст, поточно столб 3: финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој, преточени во Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој.

Александар Зарков, извршен директор на Сојузот, истакна дека целта е преку интерактивна дискусија компаниите да добијат информации од прва рака за сите фази во процесот на апликација, критериумите, каде да се фокусираат во изготвување на проектот, поднесување и добивање на предвидените средства за негова реализација.

Повеќе ...

Инфо сесија за развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

Инфо сесија за развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија 03.05.2018

3 мај 2018, во Неготино, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија на тема „Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделството за подобрување на локалната економија“. Настанот беше наменет за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во имплементирање на законoт, како и информирање на претпријатијата за полесно спроведување на овие регулативи преку јакнење на јавно - приватниот дијалог.

Преку различни излагања, учесниците на информативната сесија беа во можност да дискутираат на теми поврзани со: потребата од поголеми инвестициите за подигање на нивото на знаења и вештини на лицата инволвирани во земјоделското производство преку трансфер на знаења во рамките на интегрален систем на знаење и информации во земјоделско–прехранбениот сектор, потребата од брз и ефикасен трансфер на знаења и информации во рамките на современиот начин на работа во овој сектор, со цел зголемување и поддршка на инвестициите. Крајниот резултат е зголемување на ефикасноста и конкурентноста на производите од секторот, искористување на можностите од ИТ секторот, потребата од уредување на областа на советодавните услуги во земјоделско-прехранбениот сектор, делувањето на јавните и приватните советодавци согласно законската регулатива, нејзиното спроведување во пракса итн.

Повеќе ...

Форум: Инвестиции за долгорочен економски раст  26 Апр 2018

Форум: Инвестиции за долгорочен економски раст  26 Апр 2018 26.04.2018

Проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој“. Ова е единаесеттиот форум во низата настани организирани од  проектот, со цел започнување на разговори помеѓу бизнис заедницата и јавните институции за одредени прашања кои ја засегаат правната усогласеност на компаниите во Македонија.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и раководителот на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, Љубомир Димовски имаа официјални обраќања.

Повеќе ...

ССК на конференција „Женско претприемништво за конкурентност“

ССК на конференција „Женско претприемништво за конкурентност“ 26.04.2018

 Габриела Кулебанова, член на Управен Одбор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), беше говорник на сесијата: Организиран пристап кон јакнење на женското претприемништво“ на денешната промотивна конференција за проектот „We make: Женско претприемништво за конкурентност“.

Таа наведе дека улогата на жените за развој на приватниот бизнис и негово зајакнување е многу голема, мерките за поддршка се одлична можност за дополнително стимулирање и развој на бизнисите, но она што е потребно е создавење поволен деловен амбиент од државата каде жените, ќе можат да се реализираат и фокусираат во развојот на бизнисот.

Повеќе ...