ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ 23.01.2019

 Еднодневен семинар:

ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

- МАРКЕТИНГ СО ДОБРА КАЗУА  -

23.01.2019 година (среда)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Овој семинар ќе разработи нов модел на синергија на маркетинг комуникациите со општествено одговорните активности кои компанијата ги презема. Забележани се бројни напори на многу македонски компании да се позиционираат како „добри“, но со силно отсуство на постојаност, стратегија и скоро никакво систематско поврзување на општествено одговорните проекти со бизнис моделот и маркетинг стратегијата на компанијата. Корпоративно-општествената одговорност е дисциплина која сè уште нема дефинирана форма и припадност  во организациите. Како активност која зазема сè поголема улога, може многу силно да помогне во реализацијата на подобри резултати во смисла на имиџ и репутација, а во некои случаи и подобрување на продажбата доколку стратешки се реализира и во склад со маркетинг активностите. Оттука, се јавува потреба од интегрирање на општествената одговорност во маркетинг комуникацискиот микс и негово надградување во функција на зголемена ефикасност. Овој модел на нов интегриран маркетинг комуникациски микс коресподира со  потребите и навиките на современиот купувач, новонастанатите пазарни услови и нови медиуми.


Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Какви видови на општествено договорни активности постојат?
- Што точно значи маркетинг со кауза?
- Во кој оддел припаѓа оваа дисциплина и кој точно ја работи?
- Примери од светски компании и домашни компании; 
- Модел за синхронизација на маркетинг стратегијата и општествената одговорност.

Програма:

- Подобро разбирање, сегментирање и структуирање на корпоративно-
  општествената одговорност;
- Новата улога на компаниите и Свесноста за грижа и одговорноста кон 
  општеството;
- Клучни  бенефиции за компаниите кои имплементираат корпоративно – 
  општествена одговорност;

* Видови на општествено одговорни активности и нивната примена:

-  Промоции со кауза;
-  Маркетинг поврзан со кауза;
-  Корпоративно-социјален маркетинг;
-  Корпоративна филантропија;
-  Општествено волонтирање;
-  Социјално одговорна бизнис пракса;
-  Транспарентност во комуникацијата и брендирање на каузата за корпоративна 
    општествена одговорност; 
-  Модели за интеграција на компанискиот бренд со општествено одговорната 
   стратегија;
-  Имплементирање на корпоративна општествена одговорност;
-  Анализа на примери од глобални светски брендови за општествено одговорни
   активности. 

Придобивките на компаниите и организациите кои применуваат современи маркетинг комуникации:
 
- Подобрување на интерактивната комуникација на компаниите со своите 
  купувачи;
- Подобрување на имиџот на компанијата;
- Одлични комуникации со целокупната јавност;
- Освежување на ентузијазмот од вработените;
- Подобрување на продажните резултати;
- Зацврстување на позициите на пазарот;
- Зголемена лојалност од купувачите.

Предавач:

-д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност. 
На академско ниво, Наумовска е доктор на науки во областа на маркетинг комуникациите и доцент по група предмети од областа на комуникации на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. 
Во невладиниот сектор е присутна преку постојан активизам во организации за подобрување на родовиот баланс, како и развој на стартап и микростопанството. Паралелно е активна во бројни проекти од општествено-одговорна природа насочени кон категоријата загрозени деца од социјален и здравствен аспект. Најголема професионална амбиција и` е интеграцијата на социјалната одоворност со маркетинг комуникациите, додека на академско ниво е насочена кон мултидисциплинарни истражувања кои обединуваат маркетинг кон деца и дигитални медиуми. 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

 работен материјал; 
 ручeк и освежување; 
 сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 18.01.2019 година.

Повеќе

Еднодневна работилница на тема: ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ 24.12.2018

 Еднодневна работилница на тема:

ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

 

24.12.2018 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 24 декември 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Исполнување на паричните обврски помеѓу правните субјекти и начини за наплата на побарување“. Правната, но и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависи од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Оттука, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: Како настанува исполнување на паричните обврски и кој е најдобриот и најсигурниот начин за наплата на побарувањата помеѓу правните субјекти, и тоа како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти?
Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. При тоа, детално ќе бидат објаснети сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски.

ПРОГРАМА

I. НАСТАНУВАЊЕ И ДОКАЖУВАЊЕ ПОСТОЕЊЕ НА ПОБАРУВАЊЕ

- Фактурата како документ кој искажува остварен промет; 
- Влезна и излезна фактура;
- Форма и содржина;
- Составни елементи;
- Момент на доспеаност;
- Напомена во фактурата за извршен промет за целите на ДДВ;
- Застареност;
- Практични примери.

II. ОПОМЕНАТА ПРЕД ТУЖБА КАКО НАЧИН ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА:

- Опомена пред тужба;
- Законска регулатива: 
- Закон за финансиска дисциплина;
- Подрачје на примена;
- Рокови на исполнување;
- Надоместок за доцнење;
- Надзор и контрола врз економските оператори;
- Прекршочна постапка;
- Практични примери.

III. НОТАРСКИОТ ПЛАТЕН НАЛОГ КАКО НАЧИН ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

- Законска регулатива: 
- Закон за нотаријат;
- Постапка за издавање нотарски платен налог како механизам за наплата на 
  доверителовите побарувања;
- Закон за извршување;
- Наплата на парично побарување во извршна постапка;
- Наплата на побарување со странски елемент;
- Практични примери.
  
IV. ДОГОВОРНО РЕГУЛИРАЊЕ НА НАЧИНОТ НА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ

- Законска регулатива: 
- Закон за облигационите односи;
- Исполнување со суброгација;
- Предмет на исполнување;
- Засметување на исполнување;
- Признаница;
- Отпуштање на долг;
- Новација;
- Практични примери.

V. ОБЛИЦИ НА МЕЃУСЕБНО НАМИРУВАЊЕ НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ

- Компензација;
- Цесија – отстапување на побарување со договор;
- Преземање на долг;
- Пристапување кон долг;
- Преземање на исполнување;
- Факторинг;
- Практични примери.


Предавачи:

Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, помеѓу кои ICSID при Светска банка - Вашингтон и Европскиот суд за човекови права (ECHR). Член на постојаниот арбитражен суд, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, коавтор на Прирачникот за правнички вештини, национален тутор на HELP-Програмата на Советот на Европа;  активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството;

Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки, семинари и
конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.


За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал; 
- ручeк и освежување; 
- сертификат за присуство на семинарот.

   Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 20.12.2018 година.

Повеќе

ФОРУМ НА ТЕМА: СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА 11.12.2018

ФОРУМ НА ТЕМА:

СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И

ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА

 

11 декември 2018 година, 10:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4  на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, ве поканува да бидете дел од претстојниот Форум на тема: СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И  ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА.

 

На Форумот ќе присуствуваат претставници од бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство. На крајот на Форумот предвиден е дел на кој ќе се зборува за усогласеност на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.

 

Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и негово развивање и поддршкa од страна на државата преку креирање на нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација.

 

Форумот го организира Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, а го спроведува ЕПИ Центар Интернационал во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

 

Форумот ќе се одржи на 11 декември 2018 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на  Македонија, сала 4 на  5-ти кат.

 

Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 10 декември 2018 година (понеделник), на телефон 02 3244 036, е-адреса: belinda@mchamber.mk - лицето за контакт Белинда Миновска.

Повеќе

ФОРУМ НА ТЕМА: СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА 06.12.2018

ПОКАНА
ФОРУМ НА ТЕМА:
СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА

6 декември 2018 година, 11:00 часот
Факултет за туризам и угостителство - Охрид (предавална V)
 

Стопанската комора на Македонија, ве поканува да бидете дел од претстојниот Форум на тема: СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА.
На Форумот ќе присуствуваат претставници на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство. На крајот на Форумот предвиден е дел на кој ќе се зборува за усогласеност на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.
Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и негово развивање и поддршкa од страна на државата преку креирање на нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација.
Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.
Форумот ќе се одржи на 6 декември 2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид (предавална V).
За таа цел, ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 5 декември 2018 година (среда) кај лицето за контакт: Белинда Миновска, телефон: 02 3244 036, е-адреса: belinda@mchamber.mk.
 
Повеќе

Бесплатен вебинар на тема: Развој на капацитетите за интернационализација 29.11.2018

Ве информираме дека во рамки на проектот Green ICT Development (GIVE), на 29 ноември 2018 во 10:00 часот ќе се одржи последниот бесплатен вебинар на тема: Развој на капацитетите за интернационализација, во кој ќе  биде пренесено како да создаде база на знаење за интернационализација и маркетинг со цел да се понудат глобално конкурентни производи и услуги.

 

Главни подтеми на вебинарот:

    • Бенефиции за вработените и задржување на клучен персонал и таленти
    • Мобилност на вработените
    • Имплементација на внатрешни политики, обезбедување на ефикасно управување
    • Имплементација на ИТ системи во компаниите - суштината на успехот

 

Предавачи на вебинарот:

  • Г-ѓа Antonia Mavrova, адвокат во автомобилската индустрија.
  • Г-дин Zdeněk Kučera, експерт во електронски договори, интернет одговорност и  регулативата во онлајн маркетинг
  • Г-ѓа  Kamen Chanov, искуство во изготвување на објави, извештаи и правни анализи и спроведување на детални истражувања на различни законски теми

Доколку сте заинтересирани за учество на вебинарот регистрирајте се на следниот линк.

Повеќе