InTech Meetup #6 на 9 април во Public Room 09.04.2019

На 9 април во 18 часот во Public Room, Скопје, ja продолжуваме традицијата на InTech Meetup со шестото издание на настанот кој има за цел да поттикне размена на знаења за нови технологии и вмрежување на луѓето од IT заедницата во Македонија. Овојпат тема на дискусија е Machine Learning: An artificial intelligence approach.


Шестото издание на
InTech Meetup ќе го одбележат тројцата говорници кои во Скопје доаѓаат од Amazon Web Services, ProSiebenSat1 и TeamViewer. Тоа се Julien Simon, Lukas Pollmann и Filip Vitek.

 

Julien e експерт за вештачка интелигенција во Amazon Web Services. Пред да се приклучи на AWS, Julien работел 10 години како CTO/VP Engineering во врвни стартапи, каде што водел големи тимови задолжени за илјадници сервери низ целиот свет. Низ своето долгогодишно искуство успеал да ги сфати ограничувањата на физичката инфраструктура, а притоа да ги согледа предностите на cloud computing.

Lukas e Data Scientist во
ProSiebenSat1, најголемата медиумска компанија во Германија. Претходно има работено како технички евангелист за машинско учење во Microsoft, а исто така е основач и на најголемата студентска мрежа за нови технологии при Техничкиот универзитет во Минхен. Дел од вештините кои ги поседува се: Data Science, Cloud Computing, Machine Learning, а главна цел му е да им помогне технички на стартап компаниите да стигнат до ,,cloud” и пошироко.

 

Filip е експерт за анализа на податоци со 15 годишно искуство во различни индустрии, иноватор, блогер и спикер на многу светски настани. Од 2017 година тој е Data Science Director во TeamViewer, една од водечките германските компании, каде што неговиот тим го анализира однесувањето на повеќе од 1,7 милијарди корисници од 252 земји.

 

Oна што е новост кога се во врска InTech Meetup настаните е workshop-от со Julien Simon на тема Amazon SageMaker, кој ќе се одржи веднаш по презентацијата на последниот, трет говорник. Со оглед на тоа дека бројот на места за workshop-от е ограничен, побрзајте и заедно со регистрацијата потврдете го своето учество.

 

Зад организацијата на овој настан стои InPlayer, а на наше големо задоволство истиот е поддржан од нашите партнери Cognism, SMS Construction и Anhoch.
Како поддржувачи на настанот се јавуваат IT.mk,
Радио МОФ, Brainster и Smartportal.mk

 

Се гледаме на 9 април во 18 часот во Public Room. (регистрирајте се тука).

 

За повеќе информации, следете го настанот преку социјалните профили на Facebook, Instagram, Twitter или преку #intech хаштагот.

Пријави се Повеќе

Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време - Скопје 20.03.2019

ПОКАНА
ЗА ФОРУМ НА ТЕМА:
Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време
20 Март 2019 (Среда)
Хотел Холидеј Инн – Скопје, Милениум сала 1
час 10:00 – 14:30

Почитувани,
Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Северна Македонија, проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од: Стопанска Комора на Северозападна Македонија, Стопанска Комора на Македонијга, Сојуз на Стопански Комори, и Стопанската Комора за Информатичко и Комуникациски Технологии – МАСИТ, и ЕПИ Центар Интернационал, организира форум на тема: Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време.
 
Форумот е предвиден да се одржи во две сесии. Во првиот дел на форумот ќе се дискутира во кратки црти што се трендовите во работните односи што даваат некој мотив за да луѓето остануваат во една држава, правната регулатива и како стоиме ние, односно кои се нашите обврски со пристапување во ЕУ? Кои се законските прописи на ЕУ кои ќе се одразат во нашето законодавство?
Во вториот дел на форумот ќе се покаже компаративна анализа со соседните поразвиени земји во однос на прашањето како да се одржи кадарот во земјата и кои мерки треба да се преземат за да се задржи работната сила во земјата. Агендата за настанот е достапна на следниот линк.
 
Ве молиме, Вашето учество на форумот да го потврдите до 19 Март 2019 (вторник). Конакт: Мерсим Мемеди, е-маил: mersim.memedi@oemvp.org и Меритон Арслани, е-маил: meriton.arsllani@oemvp.org, tel: 02/3239-252, 076/314-359 и 076/397-503.
Повеќе

Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време - Тетово 19.03.2019

 ПОКАНА

ЗА ФОРУМ НА ТЕМА:
Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време
19 Март 2019 (вторник)
 Универзитет на Југоисточна Европа, Центар за развој на бизниот, Тетово
час 10:00 – 14:30

Почитувани,
Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Северна Македонија, проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од: Стопанска Комора на Северозападна Македонија, Стопанска Комора на Македонијга, Сојуз на Стопански Комори, и Стопанската Комора за Информатичко и Комуникациски Технологии – МАСИТ, и ЕПИ Центар Интернационал, организира форум на тема: Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време.
 
Форумот е предвиден да се одржи во две сесии. Во првиот дел на форумот ќе се дискутира во кратки црти што се трендовите во работните односи што даваат некој мотив за да луѓето остануваат во една држава, правната регулатива и како стоиме ние, односно кои се нашите обврски со пристапување во ЕУ? Кои се законските прописи на ЕУ кои ќе се одразат во нашето законодавство?
Во вториот дел на форумот ќе се покаже компаративна анализа со соседните поразвиени земји во однос на прашањето како да се одржи кадарот во земјата и кои мерки треба да се преземат за да се задржи работната сила во земјата. Агендата за настанот е достапна на следниот линк.
 
Ве молиме, Вашето учество на форумот да го потврдите до 18 Март 2019 (понеделник). Конакт: Мерсим Мемеди, е-маил: mersim.memedi@oemvp.org и Меритон Арслани, е-маил: meriton.arsllani@oemvp.org, tel: 02/3239-252, 076/314-359 и 076/397-503.
Повеќе

Информативен настан на тема: Рециклирање на отпад – искуства, бариери, можности и предизвици за македонските компании 14.03.2019

Почитувани, 

Ве покануваме на информативниот настан на тема „Рециклирање на отпад – искуства, бариери, можности и предизвици за македонските компании“ кој ќе се одржи во четврток, 14ти март 2019, од 11:00 часот до 15:00 часот, во Стопанската комора на Македонија сала 4 на 5-ти кат, во рамки на Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива.

 

Во насока на претходно остварените успешни иницијативи, целта на овој информативен настан е презентирање на сегашната практика во рециклирање на отпадот во Северна Македонија, научени лекции, што може да се направи поинаку (институционални измени, законски измени, јакнење на капацитетите, иновативни решенија и соработка со научните институции, итн.), со цел да се зголеми уделот на рециклирање на отпадот, а со тоа да се заштеди во потрошувачка на нови суровини, енергија, вода, да се намали притисокот врз животната средина, да се отворат нови работни места и да се подобрат позициите на компаниите и да се зголеми конкурентноста на пазарот.

Мотивот на настанот ќе биде решавање на проблемот со отпадот од текстил за кој иницираме дискусија околу можностите за негово собирање и рециклирање (кој, зошто и како?), преку претставување на странски искуства, но и скромни, многу важни први чекори на рециклирање во нашата земја од страна на домашни компании.

 

Присуството на настанот е бесплатно Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, во соработка со Холандска Амбасада.

Присуството на овој информативен настан е бесплатно.

Ве молиме, вашето присуство да го потврдите на следнот контакт: Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: 3244-051.

Поканата, заедно со агендата се достапни на следниот линк.

Повеќе

ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ КАКО ЕДНО ОД ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРАШАЊА ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА БИЗНИС СЕКТОРОТ 07.03.2019

 ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА:

ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ КАКО ЕДНО ОД ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРАШАЊА ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА БИЗНИС СЕКТОРОТ

07 март 2019 година (четврток)

хотел Alexandar II (ул. Васил Главинов бр. 3, Скопје)

10:00-14:00 часот

 

Почитувани,

 

Во насока на подобрување на легислативата и нејзина полесна имплементација, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе организира информативен настан чија цел е доближување и подобро запознавање со тековната регулатива за заштита на личните податоци.

Целта на овој информативен настан е согледување на постоечката состојба во поглед на регулативата од делокругот на работа на Дирекцијата за заштита на личните податоци, како еден од носечките органи со надлежности во поглед на надзор согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и орган кој директно ја цени законитоста на обработката на личните податоци.

Дополнително, овој настан има за цел поблиску да ги запознае присутните со процедурите за заштита на приватноста на податоците преку давање насоки, како и мислења во согласност со законските прописи, со цел низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите.

Предавач на овој информативен настан е г-дин Горан Чамуровски MBA, CISA, CRISC, PMP, CIPP/E, консултант со 20 годишно меѓународно искуство во регулираните индустрии и развојот на легислативата од областа на заштитата на личните податоци, како и истакнат експерт од областа на управување со ризици.

Гостин на овој информативен настан, ќе биде и Генералниот секретар на Дирекцијата за заштита на лични податоци, г-динот Игор Кузевски, како повереник на регулативата од оваа област. Истиот е со долгогодишно искуство во развојот на оваа регулатива и е експерт во областа на доброто управување со податоците и практичното знаење поврзано со темата.

Ве молиме, вашето присуство да го потврдите најдоцна до 06 март 2019 година (среда) на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1ygV5FuwvZLT3hkVXh8rh39j0th321eh-he3hdylyutA/edit или тел: 075 280 507 – лице за контакт Елена Столеска.

 

АГЕНДА

10:00 – 10:15

Регистрација на учесниците

 

10:15 – 10:30

Презентација на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива

 

10:30 – 11:15

Тековната  состојба на регулативата од областа на заштитата на личните податоци:

§  Законски надлежности

§  Начин на вршење на надзор

§  Имплементација на меѓународната регулатива во националното право на Република Северна Македонија

 

Предавач: Г-дин Игор Кузевски

11:15 – 12:30

Имплементација на меѓународните правила во националното право на Република Северна Македонија

§  Основни поими за GDPR

§  Опсег и применливост на GDPR

§  Клучни предизвици и проблеми

 

Дискусија и прашања

Предавач: Г-дин Горан Чамуровски

12:30– 12:45

Пауза за кафе

 

 

12:45 – 14:00

Предлози и конкретни мерки за подобрена имплементација на тематската регулатива, како и обработка на сегментот надзор во истата

§  Импликации по компаниите

§  Влијание врз услугите и производите на индустриите во Северна Македонија

§  Клучни препораки и насоки за имплементација на GDPR

§  Потенцирање на недостатоците при имплементација на тематската регулатива

 

Дискусија и прашања

Предавач: Г-дин Горан Чамуровски

14:00

Коктел

Пријави се Повеќе