Инфо сесија: Закон за финансиска дисциплина и исполнување договор

БизнисРегулатива | 18.06.2019

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законската регулатива за деловната заедница, Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој го имплементираат четирите клучни партнери: Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија, организира инфо-сесија на тема „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори“.

Целта на настанот е претставување на Законот за финансиска дисциплина, како и идентификување на предизвици со кои се соочуваат компаниите во неговата имплементација, а потоа дефинирање на конкретни предлози и решенија за подобрување на законот и нивно проследување до надлежна институција. Со конкретните предлози од оваа инфо сесија се цели да се подобрат условите за работа на компаниите кога станува збор за Законот за финансиска дисциплина и исполнување на договори.

Информативниот настан е наменет за сите микро, мали и средни претпријатија во насока на нивно вклучување во подобрување на законските решенија преку доставување на свои предлози и сугестии. Учеството на инфо сесијата е бесплатно.

Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 17-ти јуни 2019 година (понеделник) на е-маил: ljdimoska@sojuzkomori.org.mk или на тел: 075 254 087, контакт лице: Љупка Димоска.


Сподели