Обука на тема: Регулатива за заштита на лични податоци за ИКТ

БизнисРегулатива | 13.06.2019

МАСИТ во организација со Национално здружение за промоција на правото на заштита на личните податоци ПРАЈВАСИ Скопје, организира обука на тема Регулатива за заштита на лични податоци за ИКТ.

Експертот кој ќе биде задолжен за настанот е г-дин Димитар Ѓеорѓиевски, искусен предавач и имплементатор на ГДПР во државата.
Датумот на одржување на обуката е 13.06.2019 година со почеток од 10:00 часот, а локацијата ќе биде дополнително објавена.

I. СЕСИЈА I – 10.00 часот до 11.30 часот Запознавање со ГДПР и улогата на Офицерот за Заштита на лични податоци (DPO) гледано од страна на ИКТ индустријата. • Измени во однос на претходната Директива за заштита на личните податоци. • Што се лични податоци? • Територијална и Материјална примена на ГДПР. • Што е офицер за заштита на личните податоци? • Која е положбата и статусот на офицерот и разлики со контролорот/обработувачот. • Санкции и казни.

II. Пауза за кафе – 11.30 часот до 12.00 часот

III. СЕСИЈА II – 12.00 часот до 13.30 часот Заштита на податоците – практична примена на сајбер сигурност и GDPR • Преглед на сигурносни контроли за заштита на (личните) податоци во целиот животен век (Data Life Management). • Мапирање на податоците (Data inventory and record of authority). • Проценка на ризици поврзани со злоупотреба и истекување на личните податоци. • Справување со инциденти и улогата на офицерот за заштита на лични податоци.

IV. Дискусија и прашања


Учеството е бесплатно со задолжителна регистрација на следната Google форма:
https://docs.google.com/forms/d/1zKRn0hiFhM3pqVUwU9cbzhU_mIbyuh4KxcpOyss7gpw/edit


Сподели


Пријави се