Б2Б настан со фокус на „Дигитализација во процесот на производство“

 Б2Б настан со фокус на „Дигитализација во процесот на производство“
БизнисРегулатива | 16.04.2019

Во рамки на проектот Green ICT Development - GIVE  ќе се одржи третиот Б2Б настан со фокус на „Дигитализација во процесот на производство“ на 16-17.04.2019 година во Рига, Латвија. 

 

Сите компании на настанот ќе имаат можност да презентираат свои производи и услуги, а по презентациите ќе бидат организирани Б2Б средби.  Сите заинтересирани можат да се пријават на следната онлајн платформа.


Главна цел на проектот
GIVE е да се оствари соработка и со цел креирање на нови производи и услуги помеѓу ИКТ, автомобилскиот и Green-Tech сектор. На настанот покрај компании од Латвија ќе присуствуваат компании и бизнис организации од: Албанија, Бугарија, Романија и Србија.


Во рамки на дводневната агенда, за време на првиот ден ќе биде презентиран финалниот извештај изработен во рамки на проектот, можности за започнување на бизнис и организирани посети на компании во Латвија. Додека пак презентациите од компаниите и Б2Б средбите ќе бидат организирани за време на вториот ден.


Сподели


Пријави се