Информативен настан на тема: Рециклирање на отпад – искуства, бариери, можности и предизвици за македонските компании

БизнисРегулатива | 14.03.2019

Почитувани, 

Ве покануваме на информативниот настан на тема „Рециклирање на отпад – искуства, бариери, можности и предизвици за македонските компании“ кој ќе се одржи во четврток, 14ти март 2019, од 11:00 часот до 15:00 часот, во Стопанската комора на Македонија сала 4 на 5-ти кат, во рамки на Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива.

 

Во насока на претходно остварените успешни иницијативи, целта на овој информативен настан е презентирање на сегашната практика во рециклирање на отпадот во Северна Македонија, научени лекции, што може да се направи поинаку (институционални измени, законски измени, јакнење на капацитетите, иновативни решенија и соработка со научните институции, итн.), со цел да се зголеми уделот на рециклирање на отпадот, а со тоа да се заштеди во потрошувачка на нови суровини, енергија, вода, да се намали притисокот врз животната средина, да се отворат нови работни места и да се подобрат позициите на компаниите и да се зголеми конкурентноста на пазарот.

Мотивот на настанот ќе биде решавање на проблемот со отпадот од текстил за кој иницираме дискусија околу можностите за негово собирање и рециклирање (кој, зошто и како?), преку претставување на странски искуства, но и скромни, многу важни први чекори на рециклирање во нашата земја од страна на домашни компании.

 

Присуството на настанот е бесплатно Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, во соработка со Холандска Амбасада.

Присуството на овој информативен настан е бесплатно.

Ве молиме, вашето присуство да го потврдите на следнот контакт: Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: 3244-051.

Поканата, заедно со агендата се достапни на следниот линк.


Сподели