ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ КАКО ЕДНО ОД ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРАШАЊА ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА БИЗНИС СЕКТОРОТ

БизнисРегулатива | 07.03.2019

 ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА:

ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ КАКО ЕДНО ОД ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРАШАЊА ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА БИЗНИС СЕКТОРОТ

07 март 2019 година (четврток)

хотел Alexandar II (ул. Васил Главинов бр. 3, Скопје)

10:00-14:00 часот

 

Почитувани,

 

Во насока на подобрување на легислативата и нејзина полесна имплементација, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе организира информативен настан чија цел е доближување и подобро запознавање со тековната регулатива за заштита на личните податоци.

Целта на овој информативен настан е согледување на постоечката состојба во поглед на регулативата од делокругот на работа на Дирекцијата за заштита на личните податоци, како еден од носечките органи со надлежности во поглед на надзор согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и орган кој директно ја цени законитоста на обработката на личните податоци.

Дополнително, овој настан има за цел поблиску да ги запознае присутните со процедурите за заштита на приватноста на податоците преку давање насоки, како и мислења во согласност со законските прописи, со цел низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите.

Предавач на овој информативен настан е г-дин Горан Чамуровски MBA, CISA, CRISC, PMP, CIPP/E, консултант со 20 годишно меѓународно искуство во регулираните индустрии и развојот на легислативата од областа на заштитата на личните податоци, како и истакнат експерт од областа на управување со ризици.

Гостин на овој информативен настан, ќе биде и Генералниот секретар на Дирекцијата за заштита на лични податоци, г-динот Игор Кузевски, како повереник на регулативата од оваа област. Истиот е со долгогодишно искуство во развојот на оваа регулатива и е експерт во областа на доброто управување со податоците и практичното знаење поврзано со темата.

Ве молиме, вашето присуство да го потврдите најдоцна до 06 март 2019 година (среда) на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1ygV5FuwvZLT3hkVXh8rh39j0th321eh-he3hdylyutA/edit или тел: 075 280 507 – лице за контакт Елена Столеска.

 

АГЕНДА

10:00 – 10:15

Регистрација на учесниците

 

10:15 – 10:30

Презентација на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива

 

10:30 – 11:15

Тековната  состојба на регулативата од областа на заштитата на личните податоци:

§  Законски надлежности

§  Начин на вршење на надзор

§  Имплементација на меѓународната регулатива во националното право на Република Северна Македонија

 

Предавач: Г-дин Игор Кузевски

11:15 – 12:30

Имплементација на меѓународните правила во националното право на Република Северна Македонија

§  Основни поими за GDPR

§  Опсег и применливост на GDPR

§  Клучни предизвици и проблеми

 

Дискусија и прашања

Предавач: Г-дин Горан Чамуровски

12:30– 12:45

Пауза за кафе

 

 

12:45 – 14:00

Предлози и конкретни мерки за подобрена имплементација на тематската регулатива, како и обработка на сегментот надзор во истата

§  Импликации по компаниите

§  Влијание врз услугите и производите на индустриите во Северна Македонија

§  Клучни препораки и насоки за имплементација на GDPR

§  Потенцирање на недостатоците при имплементација на тематската регулатива

 

Дискусија и прашања

Предавач: Г-дин Горан Чамуровски

14:00

Коктел

 


Сподели


Пријави се