ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: МОЖНОСТИ ЗА ДОУРЕДУВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ПРАШАЊА ОД ИНТЕРЕС НА КОМПАНИИТЕ

БизнисРегулатива | 28.02.2019

 ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА:

МОЖНОСТИ ЗА ДОУРЕДУВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ПРАШАЊА ОД ИНТЕРЕС НА КОМПАНИИТЕ
28 февруари 2019 година (четврток)
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

11:00-15:00 часот

Почитувани,

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанска комора на Северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија, ќе организира информативен настан за новиот Закон за јавни набавки, кој е веќе стапен на сила, а ќе започне да се применува од 1 април 2019 година. 
Целта на овој информативен настан е презентирање на клучните новини во спроведувањето на јавните набавки и согледување дали новите законски решенија ќе овозможат надминување на досегашните проблеми на компаниите. Настанот ќе им овозможи на компаниите не само да се стекнат со нови знаења, туку и да дадат свој придонес во натамошните напори на бизнис секторот во подобрување на законската регулатива во јавните набавки. Оттука, низ отворена дискусија ќе се разговара дали новините на новиот Закон за јавни набавки меѓу кои: напуштањето на концептот најниска цена и електронска аукција, потоа објавувањето на плановите за јавни набавки, како и можноста за директни плаќања на подизведувачите, ќе бидат доволни за надминување на досегашните проблеми во однос на јавните набавки.

Предавачи на информативниот настан се: м-р Сабина Факиќ и д-р Герман Филков, аналитичари и предавачи со над 10-годишно искуство во јавните набавки.

Информативниот настан на тема: МОЖНОСТИ ЗА ДОУРЕДУВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ПРАШАЊА ОД ИНТЕРЕС НА КОМПАНИИТЕ ќе се одржи на 28 февруари 2019 година (четврток), со почеток  во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Ве молиме, вашето присуство да го потврдите најдоцна до 27 февруари 2019 година (среда). Контакт: Љупка Илиевска Самарџиска, е-адреса: ljupka@mchamber.mk; телефон: 3244-018; Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk;  телефон: 3244-051.


Сподели