ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ВРАБОТЕНИ

БизнисРегулатива | 07.02.2019

ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ВРАБОТЕНИ

7.02.2019 година 
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Интерактивниот семинар се фокусира на теоретско и практично изучување на начините за регрутација на нови вработени со помош на социјалните медиуми. Социјалните медиуми заземаат сè поголемо место во комуникацијата на брендовите во светот, не само во нивните маркетинг оддели, туку и во целокупното работење. Корисниците се навикнати секоја информација да ја проверуваат „онлајн“, да споделуваат на социјалните медиуми, а сè повеќе и да ги извршуваат нивните секојдневни обврски со помош на нив.
 Користењето социјални медиуми при регрутација на нови вработени дава големи можности за детално истражување и таргетирање на целната публика, како и нови можности за остварување контакт со потенцијалните кандидати.

          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 7 февруари 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ВРАБОТЕНИ“, каде главен фокус ќе биде даден на користењето на социјалните медиуми како алатка за привлекување нови вработени на краток и на долг рок.
Овој семинар е наменет за претставници на секторите за човечки ресурси во компаниите, како и лица задолжени за регрутација на нови вработени. Секој од посетителите е потребно со себе да донесе лап топ.

ПРОГРАМА


ПРВ ДЕЛ: 
- Зошто социјални медиуми како алатка за регрутација?
  o Денешна состојба на социјалните медиуми во Р. Македонија:
    • Број на корисници;
    • Навики на користење;
    • Профил на корисници;
    • Можности за комуникација;
  o Можности за таргетирање целна публика преку социјални медиуми:
    • Content стратегија;
    • Advertising стратегија.

 

ВТОР ДЕЛ: 
- Регрутација на вработени преку социјални медиуми на краток рок:
  o Подготовки на социјални медиуми:
    • Уредување на страници;
    • Поставување на комуникација;
  o Алатки за промовирање на социјални медиуми:
    • Facebook;
    • LinkedIn;
    • Останати социјални мрежи;
  o Како да развиеш:
    • Промо пост за регрутација;
    • Facebook ad за регрутација;
    • Објава за Facebook и LinkedIn група.

ТРЕТ ДЕЛ: 
- Регрутација на вработени преку социјални медиуми на долг рок:
  • Развој на промотивен план;
  • Интегриран пристап во промовирањето:
    - Едукација и соработка со маркетинг тим;
    - Едукација и соработка на вработени;
  • Успешни локални примери;
  • Успешни интернационални примери.

ЧЕТВРТ ДЕЛ:
- Практична примена на реален пример;
- Дискусија и одговарање на прашања на посетителите.

Предавач:  

Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација за дигитален маркетинг. Дујак има повеќе од осумгодишно работно искуство како главен оперативен директор во маркетинг агенцијата „Brand Union“. Автор е на наградуваните блогови „This is Not a Social Media Blog“ и „Skopje Casual“. Држи бројни обуки од областите маркетинг и дигитален маркетинг.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал; 
- ручeк и освежување; 
- сертификат за учество на семинарот.

Рок за пријавување: 4.02.2019 година.


Сподели


Пријави се