ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

БизнисРегулатива | 23.01.2019

 Еднодневен семинар:

ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

- МАРКЕТИНГ СО ДОБРА КАЗУА  -

23.01.2019 година (среда)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Овој семинар ќе разработи нов модел на синергија на маркетинг комуникациите со општествено одговорните активности кои компанијата ги презема. Забележани се бројни напори на многу македонски компании да се позиционираат како „добри“, но со силно отсуство на постојаност, стратегија и скоро никакво систематско поврзување на општествено одговорните проекти со бизнис моделот и маркетинг стратегијата на компанијата. Корпоративно-општествената одговорност е дисциплина која сè уште нема дефинирана форма и припадност  во организациите. Како активност која зазема сè поголема улога, може многу силно да помогне во реализацијата на подобри резултати во смисла на имиџ и репутација, а во некои случаи и подобрување на продажбата доколку стратешки се реализира и во склад со маркетинг активностите. Оттука, се јавува потреба од интегрирање на општествената одговорност во маркетинг комуникацискиот микс и негово надградување во функција на зголемена ефикасност. Овој модел на нов интегриран маркетинг комуникациски микс коресподира со  потребите и навиките на современиот купувач, новонастанатите пазарни услови и нови медиуми.


Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Какви видови на општествено договорни активности постојат?
- Што точно значи маркетинг со кауза?
- Во кој оддел припаѓа оваа дисциплина и кој точно ја работи?
- Примери од светски компании и домашни компании; 
- Модел за синхронизација на маркетинг стратегијата и општествената одговорност.

Програма:

- Подобро разбирање, сегментирање и структуирање на корпоративно-
  општествената одговорност;
- Новата улога на компаниите и Свесноста за грижа и одговорноста кон 
  општеството;
- Клучни  бенефиции за компаниите кои имплементираат корпоративно – 
  општествена одговорност;

* Видови на општествено одговорни активности и нивната примена:

-  Промоции со кауза;
-  Маркетинг поврзан со кауза;
-  Корпоративно-социјален маркетинг;
-  Корпоративна филантропија;
-  Општествено волонтирање;
-  Социјално одговорна бизнис пракса;
-  Транспарентност во комуникацијата и брендирање на каузата за корпоративна 
    општествена одговорност; 
-  Модели за интеграција на компанискиот бренд со општествено одговорната 
   стратегија;
-  Имплементирање на корпоративна општествена одговорност;
-  Анализа на примери од глобални светски брендови за општествено одговорни
   активности. 

Придобивките на компаниите и организациите кои применуваат современи маркетинг комуникации:
 
- Подобрување на интерактивната комуникација на компаниите со своите 
  купувачи;
- Подобрување на имиџот на компанијата;
- Одлични комуникации со целокупната јавност;
- Освежување на ентузијазмот од вработените;
- Подобрување на продажните резултати;
- Зацврстување на позициите на пазарот;
- Зголемена лојалност од купувачите.

Предавач:

-д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност. 
На академско ниво, Наумовска е доктор на науки во областа на маркетинг комуникациите и доцент по група предмети од областа на комуникации на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. 
Во невладиниот сектор е присутна преку постојан активизам во организации за подобрување на родовиот баланс, како и развој на стартап и микростопанството. Паралелно е активна во бројни проекти од општествено-одговорна природа насочени кон категоријата загрозени деца од социјален и здравствен аспект. Најголема професионална амбиција и` е интеграцијата на социјалната одоворност со маркетинг комуникациите, додека на академско ниво е насочена кон мултидисциплинарни истражувања кои обединуваат маркетинг кон деца и дигитални медиуми. 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

 работен материјал; 
 ручeк и освежување; 
 сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 18.01.2019 година.


Сподели


Пријави се