ФОРУМ НА ТЕМА: СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА

БизнисРегулатива | 06.12.2018

ПОКАНА
ФОРУМ НА ТЕМА:
СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА

6 декември 2018 година, 11:00 часот
Факултет за туризам и угостителство - Охрид (предавална V)
 

Стопанската комора на Македонија, ве поканува да бидете дел од претстојниот Форум на тема: СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА.
На Форумот ќе присуствуваат претставници на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство. На крајот на Форумот предвиден е дел на кој ќе се зборува за усогласеност на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.
Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и негово развивање и поддршкa од страна на државата преку креирање на нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација.
Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.
Форумот ќе се одржи на 6 декември 2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид (предавална V).
За таа цел, ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 5 декември 2018 година (среда) кај лицето за контакт: Белинда Миновска, телефон: 02 3244 036, е-адреса: belinda@mchamber.mk.
 

Сподели