Еднодневен семинар на тема: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

БизнисРегулатива | 09.07.2018

НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
9.7.2018 година
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

       Стопанската комора на Македонија, на 9 јули 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „Најновите измени во Законот за работните односи“. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од Законот за работни односи. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. 

ПРОГРАМА:

- Измени во одредбите за објавување на слободни работни места;
- Еднаков третман на работниците вработени со договор за  
  вработување на определено време и работниците вработени 
  со договор за вработување на неопределено време;
- Измена на одредбите од договорот за вработување со лица 
  помлади од 18 години;
- Откажување договор за вработување;
- Измени при откажување на договорот за вработување од лични 
  причини на страна на работникот;
- Престанок на договор за вработување од деловни причини - 
  измени;
- Измени во постапката при прекин на договор за вработување 
  поради возраст на работникот;
- Влијание на измените во Законот за работните односи врз 
  надлежностите и овластувањата на инспекцијата на трудот при 
  вршењето на надзор од областа на работните односи и мерките
  кои може да ги преземе инспекторот за труд;
- Покренување на прекршочна постапка против работодавач и 
  постапка по жалба по одлуки донесени од страна на инспекторот 
  за труд.

Предавачи:

- д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје;                                 
м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје  II - Скопје и
Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.


Рок за пријавување: 6.7.2018 година


Сподели