7ми Самит и бизнис форум на шефовите на влада на земјите од Централна и Источна Европа и Кина

БизнисРегулатива | 07.07.2018

7ми Самит и бизнис форум на шефовите на влада на земјите од Централна и Источна Европа и Кина 
7ми јули (сабота), 2018 година
Национална палата на културата, 1, плоштад Бугарија, Софија


Министерството за економија на Бугарија, Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија (БСМЕПА) и Деловниот совет Кина - СЕЕС, би сакале да Ве информираме дека Република Бугарија има чест да биде домаќин на 7-та Средба на шефовите на Влади на земјите од Централна и Источна Европа (СЕЕС) и Кина што ќе се одржи во Софија на 7 јули, 2018 година.

Давајќи голема важност на процесот на зацврстување на соработката со Кина и СЕЕС согласно Иницијативата 16+1, Министерството за економија на Бугарија и БСМЕПА организираат Деловен форум во рамките на 7-та Средба на шефовите на Влади, кој ќе се одржи исто така на 7-ми јули, 2018 година во Софија во Национална палата на културата.

Во рамки на Деловниот форум ќе бидат организирани четири панел дискусии за секторите:

- Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување;
- Инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика);
- Земјоделство;
- Туризам.

Паралелно ќе бидат организирани и Б2Б средби за вмрежување и сесија за презентација на проекти во рамките на кои ќе се презентираат инвестиции и проекти за кои Кинеските инвеститори бараат партнери.

Деловниот форум претставува и одлична можност за продлабочивање на соработката помеѓу земјите од СЕЕС и Кина, соработка на учесниците од другите организации со владини и невладини институции да изградат мрежа, да пронајдат можности за соработка од заеднички интерес и да добијат подобро разбирање и практично знаење за поддршка на компаниите и да ја олеснат трговијата и инвестициите согласно Иницијативата 16+1.

Учеството во Деловниот форум не се наплаќа. Вашето присуство можете да го пријавите единствено со он лине аплицирање преку формуларот што е во прилог на овие документи. Регистрираните Рокот за пријавување е 22 јуни 2018 година. учесници ќе добијат линк за акредитација на Деловниот форум што е задолжителен за пристап до местото на настанот.


Сподели


Пријави се