Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 19-21 јуни 2018 Сараево, БиХ

БизнисРегулатива | 19.06.2018

  Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 

19-21.6.2018 ГОДИНА, Сараево, БиХ

 

Агенцијата за развој на сараевскиот економски регион СЕРДА и Enterprise Europe Network во Босна и Херцеговина ги организираат бизнис средбите на „ЕНЕГРА 2018“, 8. Меѓународен саем за енергија, рударство и заштита на животната средина (19-21.6.2018 година). За повеќе информации посетете го веб-сајтот на Саемот: http://energa.ba/ 


Бизнис средбите „ЕНЕРГА 2018“ ќе се одржат на 19 јуни 2018 година во Центарот Скендерија, во Сараево. За време на Меѓународниот саем „ЕНЕГРА 2018“ Сараево ќе стане регионален енергетски центар, се предвидува учество на повеќе од 100 излагачи од 15 земји од регионот и од светот, кои ќе ги презентираат производите, проектите, идеите и услугите на нивните компании. 
Тематски фокус на бизнис настанот: -енергија; електроника; рударство; животна средина; метал и машини; градежни материјали; инженерство, дизајн и консултации.

 

Зошто да учествувате? Учеството е бесплатно и вклучува:
-персонализиран распоред за состаноци (однапред подготвени 20-минутни состаноци);
-информативен пакет обезбеден на денот на настанот;
-деловна помош на партнерите на Enterprise Europe Network.

 

Рокови:
-18 јуни 2018 година: Онлајн-регистрација на учесниците - внесување на профилот за соработка на веб-страницата за настани: http://www.energa2018.talkb2b.net/ .
-18 јуни 2018 година: избирање на интересни профили и резервација на деловни  средби на веб-страницата за настани.
-19 јуни 2018 година: бизнис средби. 

 


Сподели